Заборавете ги лошите: Ова се 10-те најдобри моменти во секоја врска
Заборавете на лошите моменти, на раскинувањата и солзите, бидејќи денес ќе одвоиме време за најубавите и најискрените моменти во секоја врска. Секако, листата на најубави и највозбудливи моменти е многу подолга, но во оваа прилика одвојуваме неколку од најважните кои никогаш нема да ги заборавите. Патот по кој ќе ве водиме сега, содржи преубави моменти од вашата врска кои со сигурност ќе измамат насмевка на вашето лице и ќе ви ги вратат најубавите спомени.
1. Првиот состанок
Ништо не може да биде повозбудливо од подготовката за првото кафе, првиот состанок со личноста која ја гледаме како потенцијален партнер. Нервозата, еуфоријата, енергијата која владее помеѓу двајца млади луѓе на првиот состанок е нешто што никогаш нема да го заборавите и сигурно ќе биде една од вашите најдраги теми.
2. Моментот пред првиот бакнеж
За ова сте чекале цела вечер и кога конечно ќе дојде до тоа срцето забрзано чука, скока, пеперутките во стомакот тотално полудуваат, колената се тресат, а вие само сакате тој бакнеж никогаш да не заврши.
3. Првиот секс со сегашниот партнер
Без разлика дали првиот пат со саканата личност бил совршен, сигурно ќе ја паметите таа блага срамежливост, допирите, погледите, страста и испитувањето на дотогаш непознатиот терен…
4. Оние моменти кога само лежите во кревет, не правите ништо, а сепак е магично
Секако ова нема да биде романтично и слатко ако го повторите 100 пати. Меѓутоа, во моментите кога сте си доволни само еден на друг и не работите ништо, вас ви е фантастично и тоа е нешто што ќе го паметите и кое води до нешто посериозно.
5. Моментот кога сфаќате дека неговото/нејзиното семејство може да биде и ваше
Нема ништо поубаво од моментот кога сте прифатени од страна на саканата личност и неговите најблиски и кога може да ја замислите иднината со насмевка на лицето, заеднички семејни собири и дружби…
6. Моментите кога ќе се видите после одредена раздвоеност
Дали постои нешто поубаво од моментот кога го/ја чекате на автобуската станица или аеродромот и знаете дека за момент ќе ја здогледате насмевката во која сте се заљубиле?
Доколку се прашувавте како изгледа вистинската среќа, тоа се тие драги моменти поради кои вреди да се препуштите на љубовта. Иако разделеноста и врската на далечина се нешта што не ги сакаме, понекогаш е потребно за да ги доживееме овие моменти кои се вредни за паметење.
7. Кога ќе ја оставите четката за заби во неговата/нејзината бања
Со оваа мала постапка ви се отвора иднината, а нема поубав момент од тој кога знаете дека можете да планирате нешто или дека сте добредојдени во животот на саканата личност.
8. Кога се карате, но знаете дека нема да раскинете
Секако дека ова нема да го сметаме за „најдобар“ момент, но сепак е показател за една цврста врска. На каков проблем и да наидете, вие можеби ќе го решите со кавга, но не се раскинување.
9. Кога случајно ќе кажете „Те сакам“ и ја чекате повратната реакција
Можеби во почетокот е непријатна ситуација, но секако е за паметење, бидејќи првото „те сакам“ во врската е многу важно.
10. Кога минувате низ тежок период, но го/ја имате него/неа и сè ви е полесно
Можеби ја загубивте работата, паднавте на испит или имате семејни проблеми… Но, знаете дека тој/таа е тука да измами насмевка на вашето лице, да ви даде најтопла прегратка и барем на кратко – бегство од реалноста.