Заборавени факти за јодот кои можат да ви го променат животот

Заборавени факти за јодот кои можат да ви го променат животот

Досега се сметало дека проблемот со недостатокот на јодот во светот е успешно искоренет, меѓутоа резултатите од последните спроведени истражувања покажуваат поинаку. Дури и во успешно развиените економски земји како што се Австрија и Англија, дефицитот на јод сѐ уште постои. Модерниот начин на животот, промените во исхраната и самата подготовка на храната предизвикуваат јодот да се изгуби од секојдневието, а приматот го преземаат токсините како бромидот, пестицидите и разните прехранбени адитиви кои ја забавуваат и запираат неговата апсорпција.

Заборавени факти за јодот кои можат да ви го променат животот

Јодот во медицината се користи илјадници години. Во 19-тиот век, тој бил избран за лек против тумори и агресивни болести од непознато потекло. Докажано е дека јодот има одлични антибактериски, антигабични и антивирусни својства, но, зошто е тој толку важен?

Јодот е есенцијален микроелемент, што значи дека е неопходен за секоја клетка во телото. Неговата важност ја истакнуваат и еволуционите биолози, кои сметаат дека консумирањето риба и морски плодови, а со тоа и внесувањето јод во телото, одиграло важна улога во развојот на човечкиот мозок. И денес медицината признава дека недостатокот на јодот, посебно во првото тромесечје, е главниот причинител на психички и ментални растројства кои можат да се спречат со помош на редовното внесување на оваа чудотворна состојка во организмот.

Дневната препорачана количина јод изнесува 150 микрограми, а оваа калкулација се темели на потребата од јод на тироидната жлезда со цел да се избегне гушавоста. Меѓутоа, многу автори се сложуваат дека дневната доза на јод би требало да изнесува 13 милиграми, што би се изедначило со количината која ја внесуваат Јапонците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар