Забавни и конструктивни начини на кои можете да го забрзате времето додека чекате на аеродром
Времето навистина многу бавно поминува додека сте на аеродром. Но, постојат многу начини на кои можете да се забавувате додека го чекате вашиот лет. Времето лета кога ви е забавно, па токму затоа погледнете ги овие 5 интересни, но конструктивни начини на кои можете да го забрзате времето додека го чекате вашиот лет.
1. Завршете ги најважните задачи
Само што сте дознале дека вашиот лет ќе доцни, па наместо да кревате паника, фрлете се веднаш на работа. Направете листа од сите оние нешта кои би можеле да ги завршите додека чекате и почнете да ги сработувате едно по едно. Скоро сите аеродроми имаат WiFi сервиси, па можете да ги искористите со цел да го проверите вашиот имејл, да завршите некој од проектите кои сте ги започнале или пак, едноставно да започнете со нешто ново. Можеби би можеле да направите некој важен повик или да испраќате пораки. Завршувањето на најважните задачи пред да влезете во вашиот авион ќе го направи ова патување многу позадоволително за вас.
2. Тренирајте го вашиот мозок
Да бидеме искрени, кога последен пат сте го тренирале вашиот мозок? Тој има потреба од редовен тренинг, но обично никој нема време за игри кои помагаат во оваа цел. Токму затоа дајте им шанса на традиционалните крстозбори или Содоку. Или пак, зошто да не би поканиле некој од другите патници околу вас на една партија карти? Направете нешто со што би го фокусирале вашиот мозок кон што било друго освен кон одложениот лет. Можете дури да започнете и блог, пишувањето навистина знае да го забрза времето.
3. Започнете разговор
Доколку сте срамежлива личност, ова може да ви биде најтешкиот начин, но и оној од кој најмногу би можеле да добиете. Од кај знаете, можеби би го запознале вашиот нов најдобар пријател токму на аеродромот додека и двајцата го чекате вашиот лет? Но, дури и никогаш повторно да не се видите со оваа личност, ова е навистина интересен начин да се запознаете со некого. Има големи шанси да дознаете интересни факти за нивното родно место, култура или традиции. Може да откриете интересни начини на кои функционира нивното семејство, работата или пак, да дознаете за неверојатни патувања ширум светот. Започнете го разговорот со едноставно прашање за неговиот/нејзиниот лет и уживајте во пријатен разговор покрај кој целосно ќе заборавите дека го чекате вашиот лет.
4. Учете нов јазик
Доколку редовно патувате, сигурно многу долго време поминувате на аеродроми. Еден од најдобрите и најконструктивните начини да го поминувате ова време е доколку започнете со учење нов јазик. Вие не само што ќе го тренирате вашиот мозок и продуктивно ќе го искористите вашето слободно време, туку на овој начин ќе си помогнете и на кариерата. Читањето книга е исто така добар начин за забрзување на времето, но тоа може да ве успие. Токму затоа научете неколку нови зборови или фрази, или пак гледајте филм на странски јазик.
5. Набљудувајте ги луѓето
Доколку сте премногу срамежливи при пристапувањето на луѓето и започнувањето разговор со непозната личност, тогаш обидете се да ги набљудувате оние околу вас. Аеродромот е одлично место да видите различни луѓе од различни држави и да ги анализирате нивните навики, стилови на облекување, начинот на говорење и како тие се справуваат со чекањето. Исто така можете и да си правите приказни за нивниот живот, кои се базирани само врз основа на вашето набљудување. Ова е навистина интересен и забавен метод со кој брзо ќе си го одвлечете вниманието од чекањето, ќе се изборите полесно со стресот и ќе ја подобрите вашата креативност.