Забава во чаша: Одличен новогодишен алкохолен десерт
Дочек на новата година. Опкружени сте со најблиските пријатели, пуштена е добра музика, танцувате и се забавувате. Но, доколку сакате да направите оваа новогодишна забава да се издвојува од сите претходни, погледнете го рецептот за десерт во кој сите ваши пријатели ќе се заљубат на прв залак…
Потребни состојки:
- 60 грама конзервирани природни малини
- 130 грама смрзнати малини, оставени на кратко да се одмрзнат
- 240 милилитри шлаг пена, студена
- 2 лажици шеќер
- 4 лажици ликер од малини
- 450 грама торта (по ваш избор, однапред подготвена), исечкана на многу мали коцки
- 60 милилитри ликер од портокал
- 4 мараскино цреши со дршки, оставени на хартиена крпа за да се исцедат
- Чоколадни трошки во сребрена боја
Начин на подготовка:
Во мал сад, со помош на виљушка измешајте ги конзервираните малини со одмрзнатите малини. Нежно мешајте сè додека не почнат да ја губат својата форма и не останат само мали делови од нив. Тргнете ја мешавината на страна.
Ставете ја студената шлаг пена во сад и потоа со помош на миксер, на средна брзина мешајте сè додека не стане погуста. Потоа, додадете го шеќерот и продолжете да мешате додека не почнат да се формираат цврсти врвови. Сипете го ликерот од малини во густата мешавина и мешајте додека не се соедини со неа, а потоа исклучете го миксерот. Претурете ја мешавината во пластична кеса со патент, исечете го врвот за да направите отвор и сместете ја на чинија во фрижидер за да отстои на кратко.
За да го составите десертот целосно, наместете ги чашите во линија пред вас. На дното од секоја чаша ставете по 30 грама од коцките торта. Врз нив сипете околу 1½ лажичка ликер од портокал. Потоа сипете и по 3 полни лажички од мешавината со малини, така што ќе ѝ дозволите да паѓа надолу по ѕидовите на чашата. Извадете ја шлаг пената од фрижидер и полека преку отворот додадете од 35 до 50 грама врз мешавината од малини, започнувајќи од рабовите и полека кружејќи кон центарот на чашата. Повторете го сето ова уште еднаш. На крај, за декорација ставете по една цреша во секоја од чашите и додадете еден прстофат од сребрените чоколадни трошки.
Десертите чувајте ги во фрижидер, најмногу 4 часа пред да ги сервирате.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.