За жените кои сакаат да бидат храбри
Повеќето од денешните жени не се најдобрата верзија од себеси. Се покоруваат и решаваат да живеат потчинети, да страдаат и да молчат.
Тажно е да се чувствувате несакано или дури и да сте заборавиле како да се сакате себеси. Тажно е да се борите, но уште потажно е да се предадете.
Често се случува да пораснете со две жени што ви биле пример во животот, како две тотално спротивни точки на иста линија. Едната покорна, а другата пркосна. Едната мека и нежна, а другата груба и остра. Тогаш во вас се помешуваат две различни воспитувања – едното ангелско, другото спартанско. Едната пример за попустливост, другата за бескрупулозност.
Бабите се, обично, пример за жени кои ќе ве научат да бидете послушни. Тие преку нивното однесување покажуваат дека секогаш треба да им бидете на услуга на другите, секогаш да делувате во нивна полза. Ако некој спомене дека е жеден, бабата веднаш носи вода. Ако некој го посака омилениот оброк на полноќ, таа веднаш го прави. „Молчи, не расправај се, добро е, заборави!“, се постулатите по кои таа се раководи и кои сака да ги вметне и во однесувањето на другите. Никогаш, никој, за ништо да не го одбие.
За жал, забележливо е дека овие постулати се применуваат и од толку многу млади мозоци во сите сфери, дури и денес. Жените во 21 век – образовани и способни, решаваат да трпат и дома и на работа, сегде. Тие гледаат фудбалски натпревари со своите мажи. Тие страдаат кога нивниот сопруг остава смрдливи чорапи низ станот и валкани алишта во плакарот. Тие трпат кога некој им ја зема платата и одредува што да се купи.
Многу од жените денес се позаостанати отколку пред сто години. Претходничките мораа да трпат, затоа што беа финансиски зависни од мажите. Но вие не морате.
Инстинктот во некои ситуации не се разликува многу од тој кај животните, ве тера да се борите што е можно повеќе. Иако мажите повеќе сакаат послушност и додворување. Вие се борите да заработите пари за да купите ручек за вашето семејство.
Жените денес трпат, живеат несакани, нељубени, непрегрнати. Жените денес се убедени дека тоа е нормално.
Жените денес се согласуваат да имаат деца за да го спасат својот брак со сопругот, бидејќи тој ја остварува својата цел само кога ве оплодува и има најмалку три деца. Како печат неговите зборови дека сте негова сопственост… За него е важно тоа, иако последниот страстен момент во вашиот заеднички живот можеби бил пред пет години.
Другата крајност што конечно ве освестува е дека ниеден неранимајко не треба да се трпи во животот. Ниту во вашиот, ниту во животот на вашите деца. Ништо не треба да се поднесува, првенствено заради децата. Сè мора да биде рационално бидејќи животот ве научил дека немате многу време за сентименталност.
Јаката жена од вашиот живот, онаа храбрата и пожртвуваната нека ве научи дека морате да надминете многу тешки ситуации во животот дури и ако тоа ве погодува. Таа треба да ве научи да ги контролирате емоциите и како да одите пркосно и исправено. Таа треба да ве научи да бидете своја. Да не се бидете глупави, површни и послушни, по секоја цена. Таа треба да ве научи да не бидете никогаш тоа што не сте, за да бидете прифатливи за општеството.
Иако понекогаш кај вас се буди неопислив гнев затоа што не можете да му одговорите во лице на предизвикот, вашата храброст ќе ве научи како да бидете жена. Бидете најдобра верзија од себеси, за ваше добро. Не грижете што ќе помислат за вас. Дишете длабоко и живејте!
Можеби сакате да прочитате и за 7-те храбри жени кои во моментов го менуваат светот.