За вредните домаќинки: 6 феноменални трикови за чистење на бањата

За вредните домаќинки: 6 феноменални трикови за чистење на бањата

За важноста на чистата и уредна бања воопшто не мора да пишуваме. Иако поголемиот дел од вас сигурно веќе знаат како се чистат одредени делови од бањата, сепак обрнете внимание на овие 6 трикови кои ги споделуваме со вас. Тие се навистина сјајни, а што е најдобро од сè, сите средства кои ќе ги употребите за чистење ќе можете да ги направите сами. Она што е навистина важно е дека задолжително би требало да обезбедите заштитни ракавици за да ги избегнете иритациите на кожата.

1-za-vrednite-domakjinki-6-fenomenalni-trikovi-za-chistenje-na-banjata-www.kafepauza.mk_

1. Дамките од огледалото

Наместо класичниот спреј за стакло, можете да се послужите со пената за бричење. Природна, и многу подобра, варијанта е спрејот кој ќе го направите сами, на тој начин што во шише со прскалка ќе измешате сода бикарбона и хидроген пероксид.

2. Чиста када или туш кабина

Вашата када или туш кабина ќе сјаат доколку направите средство за чистење од следниве состојки: 120 милилитри оцет, 240 милилитри алкохол и две лажички сода бикарбона. Помешајте ги сите состојки со 400 милилитри топла вода и истурете ја смесата по кадата. Оставете ја така 15 минути и додека ја измивате ќе забележете неверојатен резултат.

2-za-vrednite-domakjinki-6-fenomenalni-trikovi-za-chistenje-na-banjata-www.kafepauza.mk_

3. Чиста шолја во тоалетот

Измешајте течност за миење на устата или пак паста за заби со вода и со оваа течност полијте ја тоалетната школка. Оставете да делува околу 30 минути, а потоа изрибајте ја и разликата ќе биде очигледна.

4. Сјајни плочки

Плочките ќе сјаат доколку ги избришете со памучна вата намокрена во избелувач за алишта.

3-za-vrednite-domakjinki-6-fenomenalni-trikovi-za-chistenje-na-banjata-www.kafepauza.mk_

5. Ослободете се од ‘рѓата

‘Рѓата ќе исчезне преку ноќ доколку врз неа посипете сол, а преку солта исцедете лимон. Утрото кога ќе се разбудите само избришете ја солта и ќе забележите дека ‘рѓата исчезнала.

6. Чиста завеса за туширање

За завесата за туширање да изгледа како нова, сипете 500 милилитри избелувач во шишенце со прскалка и додајте 2 лажички детергент за садови. Напрскајте ја завесата со оваа течност и пред да ја исплакнете, оставете ја неколку минути да делува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар