За удобноста нема цена: На кои начини можете да го носите кардиганот оваа сезона?
Оваа есен времето е топло и сончево, па тенкиот кардиган за кул и интересен изглед е нешто навистина потребно. Ова парче облека со сигурност ќе ви помогне да изгледате урбано и модерно, но исто така постојат и многу начини на кои можете да го вклопите со останатата гардероба, и притоа да го освежите својот стајлинг и изглед.
Кардиганот ви дава голема слобода за комбинирање на безброј начини, при што можете да делувате сериозно и формално, а во некои случаи нежно и романтично. Еден од нашите омилени начини за комбинирање на овој вид џемпер е со кожна јакна и фармерки, но бидејќи следат поладни денови, инспирација за соодветни модни комбинации може да пронајдете во текстот подолу.
1. Преголем, XXL кардиган
Преголемиот кардиган е навистина потребно парче кога времето е ладно и дождливо. Совршено се вклопува со тесни фармерки, а дефинитивно може да го носите со сите видови панталони, бидејќи и самите знаете дека ниту една облека нема да биде премногу видлива под него. Па затоа, топлите сомотски панталони или фармерките од твид се вистинскиот избор за овој модел на џемпер. Потенките кардигани одлично се комбинираат со бела кошула и светли, но и со темни фармерки.
2. Плетен кардиган
Уште една одлична причина за оваа сезона да се одлучите за кардиган, но плетен е тоа дека овие џемпери се поудобни и потопли од оние класичните. Совршени се за кежул изглед и за прошетка во град.
3. Кардиган со принт и реси
Ако барате инспирација за да внесете нешто ново и иновативно, тогаш принтот е совршен избор. А бидејќи ресите се моментален хит, кардиганот со принт и реси е вистинско освежување за оваа сезона.
4. Кардиган со аксесоари
Доволно е само еден мал трик за да му дадете посебен ефект на вашиот изглед. Едноставно, украсете го кардиганот со широк каиш, а целиот изглед зачинете го со добар шал.