За среќен и исполнет живот: Ветете си ги овие 7 нешта и стојте си на зборот!

За среќен и исполнет живот: Ветете си ги овие 7 нешта и стојте си на зборот!

Цел живот учиме за тоа колку е важно да ги одржиме ветувањата што им ги даваме на другите, но што е со оние што си ги даваме на самите себе? И тие ветување на смееме да ги прекршиме, но следниве 7 се најважни од сите останати…

1-7-cvrsti-vetuvanja-koi-treba-da-si-gi-dadete-na-sebe-i-koi-ne-treba-da-gi-prekrshite-www.kafepuza.mk_

1. „Ќе си ги слушам телото и умот кога ќе почувствувам дека сум под стрес“

Ако нешто ве боли, а сте под стрес или чувствувате замор повеќе од вообичаено, тогаш вашето тело ви вели да се одморите. Одмарањето може да ги спречи кардиоваскуларните болести, тешкотиите и другите здравствени проблеми, а потребно е само малку да одморите. Кога чувствувате дека сте под стрес, дозволете си 20-минутна медитација, вежбање или само поразговарајте со вашите пријатели. Многу брзо ќе почувствувате позитивни промени, а ќе забележите и дека благодарение на оваа здрава навика, вашиот секојдневен живот ќе се менува кон подобро.

2. „Ќе се смеам секојдневно“

Личноста која се смее се чувствува подобро и посамоуверено. Смеењето истовремено ја зголемува енергијата и го намалува стресот. Истражувањата покажале дека дури и лажната насмевка е подобра отколку да не се смеете воопшто. Доколку имате насмевка на лицето секој ден, ќе ги подобрите односите со другите. И не само што вашата заразна енергија ќе направи и другите луѓе околу вас да се смеат, туку и ќе ви ги зголеми шансите за во секоја ситуација да пронајдете нешто позитивно.

3. „Ќе живеам живот полн со позитивни размислувања“

Можеби имате некој скриен талент, но никогаш нема да го дознаете тоа ако не сте подготвени да размислувате надвор од рамките, да излезете од вашата удобна зона и да направите нешто за прв пат. Некои од најголемите изуми кои ги користиме денес се измислени бидејќи луѓето ги поместиле границите на невозможното.

4. „Минатото ќе го оставам зад себе, но лекцијата секогаш ќе ја памтам“

Да се сеќавате на минатото не значи и дека треба да го носите со себе кон иднината. Меѓутоа, лекциите кои сте ги научиле од минатите искуства, секогаш морате да ги памтите. Секоја запаметена лекција ви помага да создадете иднина каква што посакувате.

2-7-cvrsti-vetuvanja-koi-treba-da-si-gi-dadete-na-sebe-i-koi-ne-treba-da-gi-prekrshite-www.kafepuza.mk_

5. „Ќе живеам живот каков што сакам да живеам“

Многу луѓе често почнуваат да живеат онака како што другите им наметнуваат и никогаш не ја бараат сопствената среќа. Важно е да запаметите дека е невозможно да ја пронајдете среќата доколку постојано сакате да им угодувате на другите и ако живеете онака како што другите очекуваат од вас. Живејте го животот онака како што сакате и придонесете на светот на сопствен начин – имате право да ги задоволите желбите на вашата душа.

6. „Ќе запаметам дека пријателствата, љубовните врски и другите видови односи не мора да траат засекогаш“

Луѓето ќе дојдат и ќе заминат од вашиот живот. Кога ќе помислите дека сте ја запознале најдобрата пријателка, совршениот работен соработник или љубовта на вашиот живот, можеби ќе се разочарате. Ако останете без таа драга личност, едноставно пуштете ја и запомнете дека односите честопати не траат долго. Сѐ што еднаш ќе започне, мора еднаш да заврши. Ветете си дека ќе го запомните она што сте го научиле и продолжете понатаму со вашиот живот.

7. „Кога во мојот живот ќе има потреба од промени, ќе ги прифатам“

Прифатете го фактот дека промените се нужни. Сите наведени ветувања ќе доведат до позитивен домино ефект во вашиот живот. Можеби ќе морате да ја прекинете врската и да прифатите нови предизвици, но така е најдобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар