За среќа е потребно малку!

За среќа е потребно малку!

Отворете ги очите и погледнете околу себе. Што забележувате? Можете да почувствувате среќа во вас или да ја видите наоколу? Дали знаевте дека на вистински среќните луѓе не им треба многу за да се насмевнат? Споделувате среќа со другите? Смејте се почесто и ширете ја среќата како зараза!

Искрената среќа не се крие во комплицираните работи ниту во материјалните предмети. За среќа е потребно навистина многу малку, но треба да знаеме тоа да го согледаме. Животот не е комплициран. Ние го комплицираме со премногу бесмислени желби и празни мисли кои не водат кон ништо добро. Веруваме во стереотипи и многупати сакаме да бидеме поразлични, а не да бидеме свои. Некогаш не сме задоволни со тоа што го имаме. Знаеме да се налутиме, па дури и да им завидуваме на другите. Наместо да вложиме во себе и да се бориме за да си обезбедиме ветувачка иднина.

Си поставуваме премногу прашања, не ги остваруваме соништата и се препуштаме на веројатностите. Ги критикуваме животите на другите луѓе, а забораваме на својот. Ги сакаме оние што нè игнорираат и ги занемаруваме оние што сè би направиле за нас. Сметаме дека среќата се состои во материјални нешта. Стапуваме во бракови чисто од интерес. Ги облекуваме своите тела со скапи облеки, а душата ја оставаме празна. Не се храниме со добри книги, добри дела, ние сме луѓе коишто се смеат само кога треба да се фотографираат, а вистината е сосема поинаква.

Ние патиме, осамени сме и неисполнети. Поради единствениот факт дека заборавивме да го правиме она што го сакаме, не знаеме да ја вреднуваме цената на едноставните работи. Разбудете се, направете кафе, пуштете ја својата омилена песна и бидете среќни. Не треба да ги комплицирате работите за да доживеете искрена среќа.

Отворете очи, погледнете околу себе. Уживајте во себе и во она што го правите и што го имате. Искрената среќа не се крие во комплицираните работи туку се крие во нештата што ви причинуваат задоволство и чувство на исполнетост во сопствената кожа. Она што го сакате ќе ви даде самодоверба, само правете го тоа што го сакате вие, а не тоа што другите го сакаат. Секогаш бидете свои. Живејте го животот онака како што вие чувствувате дека треба. Бидете господари над себе и своите чувства, не дозволувајте туѓинци да ви го диктираат животот. Бидејќи среќата е во малите нешта.

Прочитајте и дознајте дали ги има во вашиот живот овие мали секојдневни докази за среќа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар