За совршена венчавка: Ви ги откриваме најновите трендови во светот на тортите
Покрај изборот на венчаницата, одлуката за декорациите и резервирањето на фотограф, идните невести мора да пронајдат време и за избор на тортата. Бидејќи, најслаткиот дел од свадбата, после младенците, е свадбената торта. Исто како што се менува модата од сезона во сезона, така и свадбените торти ги следат новите трендови, а кои се актуелни за оваа сезона ќе дознаете во продолжение.
1. „Голи“ торти
Тортите без глазура и фондан биле омилен избор во изминатите сезони, а остануваат на врвот и во текот на оваа сезона. Можеби понекогаш изгледаат помалку раскошно, но и тоа како се примамливи, и за окото и за непцето. Голата торта со шумско овошје е совршен избор за венчавка во рустичен и бохо стил, додека украсената со цветови може добро да се вклопи и во класичните венчавки.
2. Торта со карнери
Една од најновите техники, кога се во прашање венчавките, овозможува правење брановидни текстури по површината на тортата. Може да се направат со фондан, но и со шлаг. Резултатот е лесна и прозрачна торта која одлично ќе се вклопи во нежната декорација.
3. Металик глазура
Во текот на целата година владеат металик парчиња облека на модната сцена, па овој тренд не ги заобиколи ниту свадбените торти. Голема предност е тоа што металик глазурите може да се вклопат во скоро секој стил, како и во секој амбиент. Ако ви е премногу целата торта да биде во металик нијанса, искористете го овој тренд на еден од катовите или само на деталите.
4. Чипкани торти
Вистински избор за романтичните невести. Дополнителен плус – овој тренд овозможува да го копирате изгледот на чипката од вашата венчаница на тортата. Доколку се одлучите за ваква торта, не претерувајте со боите и држете се до неколку нијанси за подобро да го истакнете дезенот на чипка.
5. Бела елеганција
Овој нов тренд ја подигна белата торта на повисоко ниво. Тие се сѐ, само не едноставни – софистицирани и модерни кои на целата атмосфера ѝ даваат доза на елеганција. Во вистинска комбинација на облик, дезен, текстура и детали ќе добиете впечатлив десерт со кој ќе ги импресионирате гостите.