За сите сладокусци: Рецепт за чоколаден ролат со кокос

За сите сладокусци: Рецепт за чоколаден ролат со кокос

Морате да го пробате нашиот денешен рецепт кој не само што е вкусен туку е и лесен за подготовка.

За сите сладокусци: Рецепт за чоколаден ролат со кокос

Потребни состојки:

  • 150 грама брашно
  • 150 грама шеќер (по избор)
  • 5 лажици какао
  • 1 литар млеко
  • 20 грама путер
  • кокосово брашно
  • 250 милилитри шлаг

Начин на подготовка:

1. Во еден сад измешајте 150 грама брашно, 150 грама шеќер и 5 лажици какао.

2. Додадете 1 литар млеко, добро измешајте ги состојките и варете на тивок оган додека не згусне смесата.

3. Додадете 20 грама путер и одново убаво измешајте за да добиете хомогена смеса.

4. Посипете го садот за печење со кокосово брашно и овде префрлете ја смесата. Распределете ја рамномерно и садот оставете го да отстои 1 час во фрижидер.

5. Во меѓувреме изматете 250 милилитри шлаг. Нанесете го врз колачот и повторно оставете го да отстои 1 час во фрижидер.

6. Потоа исечете го на 6 парчиња кои ќе ги обликувате во ролати. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот предлог за десерт, можеби ќе сакате и да го прочитате рецептот за безглутенски ролат со јагоди и крем од ванила.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар