За сите оние кои се загрижени дека никогаш нема да најдат вистинска љубов

За сите оние кои се загрижени дека никогаш нема да најдат вистинска љубов

Веќе подолго време сте се надевале дека ќе најдете љубов или дека ќе запознаете некој кој има барем малку потенцијал да се справува со вас до крајот на животот. Можеби сте пребирливи или не верувате во сродни души. Но, сепак очекувате дека ќе сретнете некој кој навистина многу ќе ви се допаѓа. Некој кој ќе ве прегрне по долгиот напорен ден, кој ќе се грижи за вас кога ќе се разболите и ќе ги слуша вашите приказни за тоа како ви поминал денот. Сите се надеваме на тоа.

За сите оние кои се загрижени дека никогаш нема да најдат вистинска љубов

Замислете си сега да можевте да ја предвидите вашата иднина и да дознаевте дека никогаш нема да најдете вистинска љубов. Оваа помисла е многу тажна, се согласувате? Проблемот кај љубовта е тоа што постојано влијае на нас, а никој не сака да признае. Љубовта ги поттикнува сите наши дела иако ние не сме свесни за тоа. Љубовта е причината што купивте нови фармерки, што отидовте на забавата минатиот викенд и што имате нова фризура. Љубовта е причината зошто се чувствувате несигурни и исплашени од неизвесноста на иднината. Љубовта е инспирација за нашите најголеми промени.

Кога не би постоел никаков сомнеж дека никогаш нема да најдете љубов, како би го живееле вашиот живот? Што би смениле во вашите секојдневни навики? А во вашите идни планови? Вашиот прв одговор сигурно е „Ништо“. Сепак, вие сте паметни луѓе. Имате планови што не зависат од туѓото влијание. Сите имаме. Но, размислете малку подобро. Никој не сака да признае дека токму љубовта ја користиме како изговор цело време. Идејата дека еден ден некој ќе ги обожава сите наши недостатоци ни служи како суптилен изговор да не работиме на нивно подобрување. Посакуваме некој да дојде тогаш кога ни е најтешко и да нѐ спаси, но што ако таа личност никогаш не се појави? Ќе мораме да промениме многу работи.

Како би го граделе остатокот од вашиот живот кога би знаеле дека тој никогаш нема да биде исполнет со романтична љубов? Дали би се фокусирале на кариерата и на животниот напредок? Или можеби би инвестирале во себеси и би оделе на повеќе одмори, патувања и почесто би излегувале од вашата зона на удобност? Кога би знаеле дека никогаш повеќе нема да ја почувствувате возбудата што ја носи љубовта, каде би го барале вашето задоволство? Како би си го кревале адреналинот?

А што е со вашите други врски? Дали тие одеднаш би добиле поголемо значење? Дали би поминувале повеќе време со семејството кога би знаеле дека тие ќе бидат луѓето кои ќе ве сакаат најмногу до крајот на животот? Што е со пријателите? Дали би се грижеле повеќе за луѓето што ги сакате платонски кога би знаеле дека никогаш нема да најдете некој кој би го сакале вистински?

За сите оние кои се загрижени дека никогаш нема да најдат вистинска љубов

Поентата е дека помислата на тоа дека никогаш нема да најдеме љубов, може драстично да ни го смени животот. Можеби звучи тажно, но ако размислите подобро тоа е доста ослободувачки. Без стравот дека ќе останете сами, можностите што ќе ви се отвораат ќе станат бесконечни. Би можеле да живеете на секој континент. Ќе можете да се искачите на врвот на скалата од вашата кариера. Ќе можете да запишете нов факултет, без да се грижите дека ќе бидете нечиј финансиски товар. Љубовта нѐ уназадува на милион суптилни начини за кои не сме воопшто свесни. Гаранцијата за нејзиното отсуство може да ни пружи максимално чувство на слобода.

Кога би знаеле дека не мораме да трагаме по вистинската љубов, ќе можеме да го посветиме животот на нашиот личен развој, да напредуваме и да го извлечеме најдоброто од нас. Ние самите би можеле да се претвориме во сродната душа што отсекогаш сме се надевале дека ќе ја најдеме.

Мора да престанеме да чекаме да се појави некој кој ќе ни го промени животот. Наместо тоа, бидете самите таа личност што толку ја чекате. Живејте го животот како вие да сте љубовта што ја барате. Единственото нешто во кое можете да бидете сигурни е дека во секој ваш успех, неуспех, страв и достигнување што ќе го искусите, вие ќе бидете секогаш присутни. Вие ќе ги земате вашите награди. Вие ќе си овозможувате утеха кога ќе ви биде тешко. Вие самите ќе наоѓате сила да продолжите понатаму кога целиот свет ќе ви се распадне на милион парчиња.

Мора да почнете да го цените тоа што го правите за вашиот живот. Иронијата е тоа што дека најголеми ви се шансите да најдете љубов, тогаш кога воопшто не мислите на неа. Тогаш кога го живеете животот самоуверено, слободно и без никакви ограничувања, ширите енергија што е автентична. Таквата енергија може да го промени не само вашиот, туку и животите на луѓето околу вас.

Престанете да ја барате вашата сродна душа. Вие самите бидете си сродна душа. Оставете љубовта да ве најде вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар