За сите оние кои не ја чувствуваат предновогодишната еуфорија: Како да си прославите во домашна атмосфера?
Прашањето што постојано го слушаме во текот на овој период е: „Каде за Нова година?“. Речиси сите веќе имаат испланирано како ќе ја прослават новогодишната ноќ и со нетрпение го очекуваат нејзиното доаѓање. Крајот на годината е одбележан со гужви, редици и брзање. Сите купуваат подароци и нова облека за Нова година до последен момент. Тоа може многу да нервира, особено ако не ја чувствувате празничната еуфорија.
Можеби сте се презаситиле од сите тие скапи дочеци каде што ќе има премногу луѓе и музика што не ви се допаѓа. Доколку се чувствувате вака, не грижете се, не сте единствени. 31-ви декември можете да го поминете онака како што сакате. Слободно подарете си ден за опуштање само за себе. Еве што можете да правите за Нова година ако не сакате да излегувате од дома, но сакате да се одморите и накратко да заборавите на обврските што ве чекаат…
Книга или списание
Одберете нешто што нема да ви бара премногу концентрација. Лесните романи и женските списанија се одличен избор. Тие ќе ви овозможат да запловите во светот на фантазијата и да заборавите на сите ваши грижи.
Музика
Пуштете си го вашиот омилен музички албум и веднаш ќе се чувствувате подобро и посреќно. Сите ваши проблеми ќе исчезнат барем за момент.
Топла напивка
Подгответе си шолја од вашиот омилен пијалак и едноставно седете во мир и тишина и размислувајте за што сакате. Можете и да го прелистувате вашето омилено списание и да најдете инспирација за тоа како да го уредите домот или да го промените стилот на облекување.
Топла бања
Топлата бања е одличен лек за зголемениот стрес. Различните соли и миризби ќе ви ги опуштат умот и телото.
Омилената серија или филм
Дури и да нема нови епизоди од вашата омилена ТВ серија, постојат толку многу други со кои би можеле да се опуштите секогаш кога ќе имате време.
Не заборавајте дека кога за Нова година по полноќ ќе почнат да ви пристигнуваат пораки со честитки на мобилниот телефон, не морате веднаш да одговорите на нив доколку не сакате. Вашите поблиски луѓе и онака ќе сакаат да поразговарате подолго и убаво да се видите во текот на наредните денови.