За сите мрзливи парови: Како да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера?

За сите мрзливи парови: Како да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера?

Новогодишните и божиќните празници нѐ оставија без скршен денар. Згора на сѐ, се ближи Денот на вљубените и повторно треба да смислувате нешто спектакуларно за да го изненадите саканиот или саканата. Можеби сте се договориле дека ништо нема да си купувате, но сигурно ќе сакате барем некако да го обележите денот на љубовта.

За сите мрзливи парови: Како да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера?

Најпрво треба да сфатите дека секој ден треба да ја прославувате љубовта, а не еднаш годишно. Токму затоа не постои апсолутно никаква причина да потрошите еден куп пари на подароци и романтични вечери. Со малку фантазија и креативност ќе можете да си поминете одлично и во домашна атмосфера. Еве што можете да направите…

Симнете ги сите ваши омилени филмови

Под „омилени“ се мисли на филмови кои и двајцата уживате да ги гледате. Направете листа на филмови кои ги обожавате и симнете ги од Интернет. Ако се сеќавате на првиот филм што сте го гледале заедно, можете да почнете од него.

Подгответе си вкусна храна

Купете некое добро вино и направете ги вашите омилени десерти. Доколку ретко појадувате заедно затоа што секогаш брзате, одвојте малку време утрото за да подготвите посебен појадок и не ги соблекувајте пижамите.

Составете музичка плејлиста од сите песни што ги обожавате

Сигурно постојат некои песни што и двајцата ги обожавате, бидејќи на некој начин ја одбележале вашата врска и ве потсетуваат на убавите моменти поминати заедно. Пуштете си ги сите „ваши“ песни и танцувајте со партнерот или партнерката. Нека ве понесе моментот и претворете ја дневната соба во ваш личен љубовен подиум. Можете да се бакнувате страсно и да танцувате како сакате, бидејќи сте заштитени од очите на јавноста. Слободно прекршете ги сите општествени правила и норми, никој не ве гледа!

Изненадете го партнерот и со овие 5 оригинални честитки за Денот на вљубените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар