За сите кои сакаат да се омажат: Постојат 5 типови девојки за брак. Дали сте една од нив?

За сите кои сакаат да се омажат: Постојат 5 типови девојки за брак. Дали сте една од нив?

Проблемот на жените од 21-от век лежи во тоа што тие веруваат дека во светот постои совршен маж кој ќе го пронајдат само ако постојано го бараат. Никогаш не им паѓа на памет дека оној кој моментално го имаат е најдоброто што може да се најде. Затоа постојано ѕиркаат зад ќошевите – убедени дека баш таму ги чека нивниот принц. За да им помогнеме на жените да го избегнат ова сценарио, идентификувавме 5 типа девојки за мажење кои постојат во 21 век. Тоа може да ви послужи како патоказ и да ве научи да извлечете максимум од вашиот сингл статус.

0-za-site-koi-sakaat-da-se-omazhat-postojat-pet-tipovi-devojki-za-brak-dali-ste-edna-od-niv-kafepauza.mk

1. Професионална осаменичка

Карактерен профил: Штом ќе ставите крај на врската веднаш почнувате да се однесувате во стилот „сама сум и се гордеам со тоа!“ Постојано зборувате дека сингл животот е прекрасен, а мажените девојки, како по некое непишано правило, се постојано несреќни.

Често кажувате: Повеќе не ми треба танга, купувам памучни гаќички!

Ретко кажувате: Честитајте ми, сама сум полна година!

Што велат психолозите: Вие сте доволно паметни да сфатите дека мажите не би требало да бидат вашиот центар на внимание, но сепак сакате да имате маж покрај себе. Сакате кога другите ве гледаат како независна жена, но втренчено барате кандидат кој ќе биде вашиот „вечен партнер“. Црпите самопочитување од секоја врска.

Совет плус: Вложете што е можно повеќе труд и време во другите аспекти од вашиот живот. Ако секогаш имате маж покрај себе, тоа значи дека пропуштате да ги истражите сопствените способности. Пробајте да остварите лабава врска наместо таква во која целосно ќе се препуштите со целото срце и тело. Кога ќе почнете да излегувате со ново момче, поставете си рок од четири недели во кој зборот „постојана врска“ ќе биде исфрлен од вашиот речник.

2. Непребирлива очајничка

Карактерен профил: За вас, вечер без маж е како Нова година без шампањ. Никогаш не го напуштате ноќниот клуб порано затоа што секогаш постои можност во последен миг да се појави господинот Вистински или барем господинот Потполно Погрешен.

Често кажувате: Мислам дека го уловив, уште само пет минути.

Ретко кажувате: Вечерва кај мене забава само за жени!

Што велат психолозите: Имате недостаток на самодоверба. Не се чувствувате добро во сопствено друштво и поради тоа постојано сте несреќни и незадоволни од себеси. Се чувствувате празно и барате маж кој ќе ви ја пополни емоционалната празнина. Мажите на километар го мирисаат вашиот очај – затоа ве искористуваат и ве прават уште поранливи.

Совет плус: Престанете да ловите мажи и барем еднаш неделно учествувајте во нешто во кое тие не се вклучени. Направете пакт со најдобрата пријателка, замолете ја да ве извлечка од клубот час време пред крајот на забавата за да не останете да го собирате ѓубрето. Исто така, никогаш не прифаќајте врска на прв состанок. Обрнете внимание на неприбирливите очајнички околу вас за од страна да увидите колку тоа однесување не заслужува внимание.

3. Постојано незадоволна

Карактерен профил: Вие можеби имате постојан партнер, но цело време мислите дека ќе наидете на подобра прилика. Никогаш не сте задоволни со она што го имате и не се срамите да побарате „преку леб погача“.

Често кажувате: Моето момче не ме разбира.

Ретко кажувате: Толку сум среќна што сум со Иван, Мартин, Стефан…

Што велат психолозите: Не знаете да уживате во моментот, туку без престан фантазирате за посветла иднина. Вашето незадоволство е условено од нискиот праг на толеранција кон секојдневните обични нешта кои ги има во секоја врска. Обожувате романтика, но не знаете да ги разгорите страстите. Штом ќе пронајдете нов партнер, веќе сте во потрага по следниот.

Совет плус: Направете попис на сите позитивни аспекти од вашата врска и ставете го на видно место каде што постојано ќе го гледате. Еднаш-двапати месечно пробајте нова секси техника со партнерот. Навестете му дека би сакале малку романтика – тој ќе има волја да ве следи само ако го водите. Кога ќе почнете да сонувате за друг, идеален маж, сетете се дека ќе морате да ги перете и неговите гнасни чорапи.

4. Мажена осаменичка

Карактерен профил: Иако сте во среќна врска, вие одлучувате да го игнорирате тој факт. Го сакате својот партнер, но се однесувате како сингл девојка. Излегувате без него во фустан кој вриска „Сингл сум!“ и флертувате со други мажи.

Често кажувате: Не ме чекај, доцна ќе се вратам.

Ретко кажувате: Во сабота навечер? Нема да можам, тоа е нашата интимна вечер.

Што велат психолозите: Вие црпите самопочит од вниманието кое ви го посветуваат мажите. Постојано ви се потребни нови обожаватели. Ве возбудува ризикот – а тоа е опасна комбинација бидејќи пренагласеното флертување води до туѓа постела. Дома би сакале да имате сигурност, а надвор да постои возбуда. Тек кога ќе го изгубите мажот – тогаш ја сфаќате неговата вредност.

Совет плус: Дали вие би го трпеле партнерот ако тој така се однесува? Секако дека не. Повикајте го да излезете на некое ново и возбудливо место. Пробајте нешто поинакво – играјте различни улоги: тој нека се преправа дека не ве познава, а вие заведете го со секси флерт. Договорете се двајцата да флертувате со непознати луѓе – тоа можеби ќе ви ја зголеми возбудата.

5. Вистинска стара мома

Карактерен профил: Живеете со мачки. Верувате дека мажите носат само неволји. Вие мислите дека сами на себе сте си доволни и тврдите дека таквиот живот ви одговара. Што има тука да се додаде?

Често кажувате: Не вечерва, морам да ги нахранам моите мачки додека гледам серија.

Ретко кажувате: Дојди кај мене да водиме љубов.

Што велат психолозите: Навистина уживате кога сте сами. Кога ви се додворува маж првата помисла ви е „зошто да се замарам?“ Имате заборавено како се одржува врска и веројатно длабоко сте го потиснале вашето либидо заедно со интересот за мажи.

Совет плус: Излезете од вашето меурче и вежбајте флерт со пријателите. Набљудувајте ги разговорите на комуникативните луѓе и пробајте да ги емитирате – тоа е најлесниот начин да се здобиете со самодоверба во друштво. Потсетете се на сите предности од врските, не мислете само на недостатоците. Излегувајте во мешовито друштво и поведете пријателка со вас за да ги намалите тензиите и стравот кој тлее длабоко во вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар