За сите интроверти: Како да го намалите стресот предизвикан од телефонските разговори?
Доколку сте интровертни, сигурно знаете колку непријатни можат да бидат телефонските разговори. Интровертите се познати по нивната потреба од подготовка. Кога ќе им се јави некој од нигде никаде, тие се принудени да реагираат веднаш. Понекогаш тоа не им пречи, во зависност од тоа кој им се јавува, но некогаш може да им предизвика голем стрес.
Освен тоа, интровертите не ги сакаат празните муабети, па затоа не претпочитаат разговори по телефон. Тие сакаат да разговараат за значајни работи, а тоа може да се изведе само во живо. Немаат време да бидат културни со луѓе кои немаат друга попаметна работа освен да зборуваат на телефон.
Интровертите ги претпочитаат пораките, бидејќи можат внимателно да ги одберат нивните зборови и да размислат како ќе одговорат. За време на телефонските повици, тие веднаш треба да смислат што ќе кажат и доаѓа до долга и непотребна тишина. Оваа тишина ги исцрпува.
Доколку можете да се пронајдете во овие работи, не грижете се! Постојат неколку совети што ќе ви помогнат полесно да се справите со телефонските разговори. Во продолжение, прочитајте за што станува збор…
Запишете ги работите што планирате да ги кажете
Кога треба да се јавите некаде за да добиете некакви информации или пак на некој колега од работа, запишете ги работите што треба да ги кажете. На пример, очекувате повик од потенцијален работодавец. Запишете ги нештата што сакате да ги кажете кога ќе разговарате со него. Тоа ќе ве ослободи од притисокот.
Ставете им посебни рингтони на различни луѓе
На овој начин, ќе знаете кого да го очекувате уште пред да кренете слушалка. Ќе имате неколку секунди да размислите зошто ви се јавува овој човек, пред да одговорите на повикот. Ако имате идеја зошто ви се јавува некој, нема да бидете под толкав стрес кога ќе го чуете ѕвонењето на телефонот.
Пропуштете го повикот
Понекогаш треба да го пропуштите повикот за да се подготвите. Пратете му порака на човекот кој ве барал и кажете дека ќе му се јавите по одредено време. Тоа ќе ви даде можност психички да се подготвите за разговорот, без разлика за што се работи. Ако тој што ве бара има нешто важно да ви каже, постои голема веројатност дека ќе ви прати СМС порака за да ве извести, а тоа многу ќе ви помогне.
Закажувајте ги телефонските повици
Испланирајте го времето наменето за телефонски разговори. На пример, ако некој ви каже дека ќе ве бара после работа, кажете му дека вам најмногу ќе ви одговара да ви се јави околу 17 часот. На тој начин, ќе имате можност да се подготвите за повикот.
Телефонските повици не мора да бидат толку страшни. Иако мразите да разговарате по телефон, овие неколку совети ќе ви помогнат да си ја олесните работата и ќе ви го намалат стресот.
Во продолжение прочитајте како да прекинете здодевен телефонски разговор.