За што жалат успешните луѓе?

За што жалат успешните луѓе?

Секој човек сака да биде успешен. Без разлика дали станува збор за бизнис, за личен живот или за нешто друго, сите ние сакаме да бидеме најдобри. Но што се случува кога ќе го постигнете тој успех? Дали повеќе нема предизвици и тешкотии на патот?

za-shto-zhalat-uspeshnite-lugje-kafepauza.mk

Писателот Џон Максвел им поставил едно прашање на 4.000 пензионирани успешни луѓе. Прашањето гласело:

„Ако можете уште еднаш да го преживеете вашиот живот, што би промениле?“

Од одговорите тој открил за што најмногу жалат успешните луѓе. Погледнете во продолжение.

1. Ќе преземев контрола над мојот живот и порано ќе си ја поставев целта

Премногу од нас одложуваат и не ја фаќаат можноста која е во овој момент. Не дозволувајте да ви избега ни една минута повеќе. Поставете си ја целта и почнете да преземате одговорност.

2. Подобро ќе се грижев за моето здравје

Многу често чекаме да се појават првите симптоми на некоја болест пред да почнеме да се грижиме за нашето здравје. Не дозволувајте да се случи тоа. Хранете се здраво, вежбајте и немојте да го запоставите физичкото и менталното здравје.

3. Подобро ќе управував со парите

Ефективното управување со парите не е толку комплицирано, но повеќето луѓе живеат од една плата до друга. Без разлика какви се вашите приходи, секогаш обидете се да го извадите максимумот од нив. Секогаш планирајте и за во иднина.

4. Ќе поминував повеќе време со моето семејство

Вложете во вашите семејни врски. Дури и ако тоа значи дека ќе задоцните за некоја важна работа, сепак не чекајте да биде предоцна.

5. Повеќе ќе се посветев на личниот развој

Секогаш одвојувајте време за активности кои ќе ви помогнат да се развиете и да созреете. Тоа треба да биде дел од вашиот живот.

6. Ќе се забавував повеќе

Постојат неколку аспекти и искуства во животот кои треба да ги сфатите сериозно. Но, самиот живот не е толку сериозен колку што го правиме да биде. Престанете да барате непотребна драма и обрнете повеќе внимание на работите кои ве радуваат. Ова не значи да го напуштите работното место за да се забавувате, туку во вашиот распоред вметнете ги и работите кои ви причинуваат задоволство.

7. Подобро ќе ја планирав мојата кариера

Дали има голема слика за она што го работите сега? Дали вашата сегашна работа е отскочна даска до вашиот сон? Или дали вашата работа е нешто кое го правите бидејќи ви нуди сигурност? Без разлика дали сте задоволни со вашата позиција, секогаш ќе ви биде од помош ако ја гледате големата слика. Дури и ако крајниот резултат е да се задоволите со сегашната позиција, планирањето е секогаш потребно.

8. Повеќе ќе давав

Помагањето некому што му треба помош ќе направи да се чувствувате одлично. Без разлика дали ќе волонтирате или пак ќе му помогнете за некоја работа на соседот, постојат многу начин на кои можете да се вклучите. Обидете се да давате секогаш кога можете.

Дали ги знаете овие правила за професионален успех?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар