За секој облик на тело: Скријте го вишокот килограми со помош на овие бои

За секој облик на тело: Скријте го вишокот килограми со помош на овие бои

Сигурно сте слушнале дека носењето потемни бои ве прави да изгледате послабо, што значи дека светлите бои имаат спротивен ефект. Сепак, изборот на вистинската боја според структурата на вашето тело може да биде малку покомплициран и, меѓу другото, зависи од обликот на вашето тело. Делот од телото каде што имате најмногу вишок килограми ќе влијае на тоа како треба да ги комбинирате боите на облеката.

1. Тело во форма на круша

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🇮🇹🇮🇹🇮🇹 (@dolcessima_) on

Ако имате форма на круша, тогаш областа на задникот и на колковите е поголема од горниот дел од телото. За да ја вратите рамнотежата на оваа форма на телото, треба со помош на боите да направите долниот дел од телото да изгледа помал, а горното поголем. Тоа значи дека треба да носите светли блузи и кошули со потемни здолништа и панталони. Но, избегнувајте да носите бели кошули со црни панталони или здолништа. Подобро е да изберете некоја друга посветла боја за горниот дел на облеката, по можност со многу детали за да привлечете внимание на таа област. Исто така, добра опција е да изберете потемна облека за долниот дел од телото и посветла нијанса во истата боја за горниот дел од телото. Освен тоа, можете да носите тесни блузи, а одозгора сако или јакна.

2. Тело во форма на јаболко

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva | Fashion Inspo🌙 (@evaschaapp) on

Луѓето што имаат форма на јаболко, најголем дел од својата тежина имаат во пределот на струкот. Изборот на вистинската боја треба да создаде илузија на струкот, поточно да направи да изгледа потенок отколку што е. Тоа можете да го постигнете со широк колан во темна боја, но избегнувајте ги оние со многу детали и изберете нешто поедноставно. За струкот да изгледа потенок, носете темна маица, а под неа малку посветла облека. Темната маица над светлата облека ќе го направи стомакот помалку видлив. Ако не сакате да се истакнувате, изберете бордо и сина боја.

3. Облини

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Danique Bossers (@mw_danique) on

Ако имате големи гради, многу жени веројатно ви завидуваат поради привлечната фигура, но изборот на погрешна облека може да направи да изгледате подебело. Избегнувајте вертикални линии, бели и пастелни нијанси. Црвената е одлична боја за жените со облини, како и светлосината и смарагдно-зелената боја.

Погледнете кој е новиот тренд за убавина што би можел да владее во 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар