За сечиј вкус: Страчатела колачот го обожуваат и тие што не сакаат благо

За сечиј вкус: Страчатела колачот го обожуваат и тие што не сакаат благо

Ретко кој ќе остане рамнодушен кон ваквиот десерт кога ќе го проба. Вистинско уживање составено од бисквитно тесто, ванила крем и парчиња чоколадо.

За сечиј вкус: Страчатела колачот го обожуваат и тие што не сакаат благо

Потребни состојки за бисквитното тесто:

  • 8 белки
  • 8 лажици шеќер
  • 8 лажици брашно
  • ½ прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 300 мл топло млеко за потопување на бисквитот

Потребни состојки за филот:

  • 500 мл млеко,
  • 200 г чоколадо
  • 1 шлаг крем од ванила
  • 8 жолчки
  • 100 г шеќер
  • 8 лажици ладна вода
  • 2 кесички желатин
  • 500 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Изматете ги белките од јајцата во цврст снег, додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа додајте го брашното на кое претходно сте ставиле половина од прашокот за печиво, па продолжете со лесно мешање на смесата за убаво да се соединат состојките. Истурете ја измешаната смеса во тава или калап обложен со хартија за печење и печете на 180 ᵒС од 20 до 25 минути. Веднаш по печењето, бисквитот прелијте го со врело млеко и над него ставете фолија.
  2. Пред да го подготвите филот, активирајте го желатинот со додавање на 8 лажици ладна вода во него. Промешајте и оставете го да набабри.
  3. Потоа, изматете ги жолчките со шеќерот, додајте 500 мл врело млеко, за жолчките да се обработат од топлината. Потоа додајте го активираниот желатин, добро измешајте и оставете го филот на собна температура 1 час или 2.
  4. Кога потребното време ќе помине, продолжете со работа. Сега додајте 500 мл изматена слатка павлака и шлаг од ванила во смесата за фил. Добро измешајте сè и додајте го исечканото чоколадо, па продолжете со мешање сè додека не се добие компактна смеса.
  5. Нанесете го филот врз бисквитот, оставете го 2 часа да отстои, а потоа украсете по желба и сервирајте. Пријатно!

Можеби сакате да направите и богата торта со бадеми – торта „Опера“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар