За само 2 минути откријте дали му/ѝ се допаѓате или не

За само 2 минути откријте дали му/ѝ се допаѓате или не

Со децении наназад, експертите за говор на тело откриваат суптилни движења што можат да ни дадат до знаење дали некој маж е заинтересиран за одредена жена. Но, едно ново истражување покажало дека понекогаш потребни ви се помалку од две минути за да откриете дали му се допаѓате некому или не. Обрнете внимание на неговиот или нејзиниот глас!

Антрополозите од Универзитетот во Сасекс присуствувале на таканареченото „спид дејтинг“, односно на брзи состаноци, и ги снимале потенцијалните парови додека тие разговарале, со цел да откријат дали постои некоја шема при начинот на кој се избирале. И секако, тие откриле интересен факт што може да им помогне на многу жени и на многу мажи однапред да знаат дали му се допаѓаат некому.

Водечката авторка на студијата, д-р Катарзина Писански, вели дека мажите ја спуштаат бојата на гласот кога некоја жена им се допаѓа и кога сакаат повторно да ја видат. Со други зборови, колку понеодолива им делува жената пред нив, толку подлабок им станува гласот. И додека мажите сакаат да звучат помажествено, жените пак, го прават спротивното.

„Жените говорат со повисок тон и се трудат гласот да им биде што помалку монотон кога им се допаѓа некоја маж“, открива д-р Писански.

Имајќи го ова на ум, ако тие почувствуваат дека некој маж е заинтересиран за нив, веднаш ја спуштаат бојата на гласот.

„Неколку студии покажале дека мажите ги сметаат за атрактивни и за секси жените со пискав глас. Жените со ваков глас најчесто се доживуваат за поатрактивни, помлади и поженствени. Наспроти тоа, жените што имаат погруб глас се доживуваат како доминантни и зрели“, дополнува таа.

Девојки, побарајте ги и овие знаци во неговото однесување коишто откриваат дали (и колку) му се допаѓате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар