За посреќен и поздрав живот, престанете да им судите на другите

За посреќен и поздрав живот, престанете да им судите на другите

Сигурно ви се има случено да судите некому. Дали знаете дека со тоа само си ги трошите времето и енергијата? Размислете дали тоа судење го направило вашиот живот подобар. Сигурно не. Можеби ве направило гневни и љубоморни. Ако сте ја фокусирале таа енергија на нешто продуктивно, би ви било многу подобро.

za-posrekjen-i-pozdrav-zhivot-prestanete-da-im-sudite-na-drugite-kafepauza.mk

Судењето на другите, особено за работи што не ве засегаат, само ќе ја влоши ситуацијата. Но како да го избегнете тоа? За повеќето од нас, судењето ни е вградено. Ги судиме сите, од странецот на улица, до колегата па и јавните личности, без воопшто да имаме информации за нив. Може да биде навистина тешко да одолеете, но кога ќе сфатите каква штета ви прави судењето, веднаш ќе сакате да го исфрлите од вашиот систем.

Судењето прави да ги изгубите пријателите

Што барате во добар пријател? Веројатно сочувство, разбирање и поддршка. Но судењето води до спротивностите од овие работи. Кога секогаш ги барате негативните работи кај другите, не можете да ги видите позитивните. Ова може секому да му се случи. Понекогаш судиме без воопшто да размислиме, а ова создава ѕид помеѓу нас и нашите пријатели.

Кога им судите на другите не можете да научите ништо од нив

Судењето многу често потекнува од љубомора. Им судиме на другите за да се утешиме бидејќи ја гледаме таа личност како наш противник. Сакаме да се убедиме дека таа личност не е подобра од нас. Замислете дека имате колега кој му е омилен на вашиот шеф. Знаете дека е вреден, дека го заслужува вниманието кое го добива. Можете да го прифатите тоа, но сепак се обидувате да најдете недостатоци и да покажете дека вие сте подобри. Дали ова е добро за вас? Или пак подобро е да научите нешто од овој колега? Можеби сте подобри во некои работи од другите, но имајте на ум дека некој друг е подобар во нешто друго. Престанете да се споредувате и обидете се да научите нешто.

Кога им судите на другите не сте отворени кон нови искуства

Нашите мислења обично се основани поради нашите претходни искуства. Често мислиме дека она што работело за некој друг ќе работи и за нас. Проблемот е што после неколку искуства, луѓето сметаат дека знаат сè и дека имаат право да им судат на другите. Постои нарушување каде што луѓето развиваат лажна супериорност. Тие имаат преголема самодоверба и мислат лошо за сите други. Се разбира, вашите искуства ве научиле многу, но имајте на ум дека на светот има толку многу луѓе со толку различни искуства и дека секој е различен. Размислете колку сте научиле од вашите искуства. Сега размислете колку можете да научите од искуствата на другите.

Судењето ги оштетува вашите среќа и здравје

Едно истражување го потврдило верувањето дека негативната перцепција на другите може да предизвика антисоцијално однесување. Склоноста да ги гледате другите негативно може да го зголеми ризикот од депресија и други нарушувања. Може да биде тешко да ги замолчите сите негативни гласови наеднаш. Но можете да го правите тоа полека. Секогаш размислете добро пред да формирате негативно мислење за некого. Не се откажувајте. За кратко време ќе сфатите дека сте ја изгубиле навиката да им судите на другите. А поради тоа ќе бидете навистина среќна и позитивна личност.

Овие совети ќе ви помогнат да престанете да им судите на другите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар