За подобро здравје: Ритуали кои треба да ги направите пред 10 часот наутро

За подобро здравје: Ритуали кои треба да ги направите пред 10 часот наутро

Без разлика дали се чувствувате како мечка која излегува од хибернација или очите ви се широко отворени и подготвени сте да го започнете денот, постојат некои работи кои треба да ги направите пред 10 часот наутро. Станува збор за неколку навики кои ги имаат најздравите луѓе и кои несомнено ќе ви помогнат да го започнете денот на најдобриот можен начин.

Ритуали кои треба да ги направите пред 10 часот наутро

Пијте чаша вода веднаш штом се разбудите

Пиењето вода веднаш штом ќе се разбудите го хидрира телото по спиењето, го поттикнува дигестивниот систем и сите останати органски системи. Ако сакате да добиете поголем ефект, исцедете свеж лимон или јаболков оцет во водата.

Не го проверувајте мобилниот по првото отворање на очите

Читањето имејлови, проверувањето на најновите вести и сѐ што се случило на социјалните мрежи ќе го збркаат вашиот мозок уште рано наутро. Почекајте барем еден час пред да се посветите на екраните за да ја зголемите функцијата на вашиот мозок кој ќе стане побистар и пофокусиран.

Бидете благодарни

Ако се фокусирате на она за што сте благодарни, целиот ден ќе ви биде попозитивен. Вдишете и издишете 10 пати и помислете на сите убави нешта во вашиот живот. На тој начин на негативните мисли ќе им биде потешко да го заземат вашиот ум.

Движете го телото или уште подобро, вежбајте

Без разлика дали станува збор за истегнување, танцување или вежбање, ако го придвижите вашето тело уште рано наутро, ќе бидете енергични во текот на целиот ден.

Одредете ги приоритетите за денот

Секое утро одредете една работа која ќе ви биде најважна и која ќе треба да ја остварите во текот на денот. Доколку можете, започнете прво со неа, па потоа извршувајте ги останатите обврски.

Појадувајте здраво

Здравиот појадок ќе го поттикне вашиот метаболизам и ќе ви ја даде вистинската енергија која ќе доминира со вас во текот на денот.

Ритуали кои треба да ги направите пред 10 часот наутро

Четкајте го јазикот

Да, добро прочитавте. Четкањето на јазикот ќе ви помогне да се ослободите од непријатниот утрински здив и е поврзано со процесот кој му треба на телото за да премине од сон до будење. Исто така, на тој начин ќе го отстраните слојот кој се таложи на јазикот и ќе можете подобро да го вкусите здравиот појадок.

Слушајте ја омилената музика

Слушањето на омилената музика е уште еден одличен начин да го започнете денот успешно. Прилагодете го темпото на музиката врз основа на тоа каков ден сакате да имате.

Смешкајте се додека се гледате во огледало на 30-тина секунди

Оваа вежба го поттикнува позитивниот ментален став и е одлична за зголемување на самодовербата. Гледајте го својот среќен израз на лицето во огледалото и уверете се дека ќе го искористите денот максимално и ќе ги остварите вашите цели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар