За оние што ќе слават и денес: Чизкејк со џин-тоник (без печење)
Поминете ја втората вечер со спој од омилената торта и највкусниот коктел
Потребни состојки:
- 200 грама чајни колачиња
- 100 грама путер
- 500 грама кремасто сирење
- 25 грама шеќер во прав
- 50 милилитри џин
- 1 кафена лажица исцеден сок од лимета
- Изрендана кора од 1 лимета
- 100 грама бело чоколадо
- 300 милилитри шлаг пена
Начин на подготовка:
Смелете ги чајните колачиња за да добиете прав, а потоа помешајте ги со путерот. Смесата втиснете ја во калап за торта со големина од 20-тина сантиметри и оставете ја во фрижидер да се стврдне.
Во голем сад измешајте ги сирењето, шеќерот, џинот, сокот од лиметата и изренданата кора и матете додека не добиете хомогена смеса. Потоа растопете го белото чоколадо на пареа и оставете го 2,3 минути да се олади пред да го помешате со смесата со сирењето.
Во посебен сад подгответе ја шлаг пената и потоа нежно додајте ја и вмешајте во смесата со сирењето и белото чоколадо. Добиената смеса сипете ја врз основата со колачињата и оставете ја во фрижидер барем 6 часа пред послужување.
И секако, послужете со омилениот коктел. Имајте убава вечер!
Пробајте го и овој чоколаден чизкејк со лешници, чија подготовка е исто така без печење.