За оние кои редовно вежбаат: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускули

За оние кои редовно вежбаат: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускули

Трчањето е една од најдобрите физички активности за изградба на убави и цврсти мускули. За него не ви се потребни некои посебни физички предиспозиции ниту пак морате редовно да трчате по неколку километри за да имате некаква корист. Комбинирањето на трчањето со храна која ја поттикнува изградбата на мускулите дава резултати кои сигурно ќе ја подобрат вашата физичка и општо здравствена состојба, а консумирањето на следниве 7 прехранбени производи е нешто што треба редовно да го практикуваме.

Трчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускули

1. Лосос

Трчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускули

Лососот е една од најдобрите намирници за изградба на тонусот на мускулите. Тој содржи единствена комбинација на најдобрите масти, витамин Б, белковини и хранливи материи како и магнезиум кој помага при обновата, но и заздравувањето на мускулите. Освен тоа, лососот е одличен избор за оние кои јадат кога сакаат да се утешат со храната, бидејќи оваа риба го намалува апетитот. Освен во изградбата на мускулна маса, лососот помага и во согорувањето на мастите.

2. Јајца

Трчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускули

Белките од јајцата се посебно добри за мускулите во комбинација со трчањето, бидејќи содржат малку маснотии, а многу белковини. Сепак, немојте во целост да ги исфрлите жолчките бидејќи тие содржат здрави маснотии, без оглед на високото ниво холестерол. Јајцата всушност го намалуваат штетниот холестерол во телото и го покачуваат здравиот, што значи дека е добро да се консумираат умерено. За оптимална комбинација на белковини и здрави масти консумирајте 3 белки и 1 жолчка.

3. Зелен зеленчук

Трчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускули

Спанаќот е одличен избор бидејќи изобилува со белковини и ги задоволува потребите на телото и мускулите од витамин Е, магнезиум, хранливи влакна, витамин Ц и витамин Б. Кељот исто така претставува зеленчуков титан кога станува збор за белковини и хранливи материи, а и блитвата и зелката се добар избор за зацврстувањето на мускулите. Освен што, во комбинација со трчањето, гарантира најдобро обликувани мускули, консумацијата на зелениот зеленчук го подобрува изгледот на кожата, косата и ноктите.

4. Сладок компир

Трчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускули

Слаткиот компир е богат со јаглехидрати кои се важни за одржување на оптималното ниво гликоза кое, пак, е клучно за согорување на маснотиите и одржување на мускулната маса. Слаткиот компир е одличен сојузник на слабеењето благодарение на влакната кои нѐ прават сити и го намалуваат апетитот за другите зеленчуци кои се базираат на скроб. Освен тоа, слаткиот компир е совршена замена за лебот, која исполнува со енергија.

5. Бадеми

Трчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускули

Бадемите се еден од најголемите извори на витамин Е, хранливи влакна, магнезиум и материи кои помагаат во изградбата и обновата на мускулите како и при одржувањето на здравото срце, што е исто така важно за физичката активност. Јадете ги бадемите како попладневна ужина или кога ќе добиете желба за слатки намирници или за грицкање. Бадемите исто така можат да придонесат за забрзување на метаболизмот, што е клучно за согорувањето на маснотиите.

6. Семки од лен

Трчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускули

Семките од лен го поттикнуваат зацврстувањето на мускулите благодарение на комбинацијата на влакната, белковините и здравите масти кои помагаат при согорувањето на масното ткиво. Семките од лен изобилуваат со здрави омега-3 масни киселини кои помагаат во слабеењето и во превенцијата на депресијата, дијабетесот и срцевите заболувања. Семките од лен е најдобро да се консумираат сомелени бидејќи на тој начин телото подобро ги апсорбира хранливите материи. Тие се одличен додаток за јогуртите, житариците и салатите и најдобро е да се чуваат во фрижидер.

7. Грчки јогурт без масти

Трчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускули

Грчкиот јогурт е богат со калциум, белковини, витамин Б, вклучувајќи го и витаминот Б21 кој е неопходен за добриот метаболизам и работата на мускулите. Добрата страна на грчкиот јогурт е и тоа што содржи помалку лактоза, на која многу луѓе покажуваат интолеранција, од другите јогурти и млечни производи. Грчкиот јогурт без масти помага во работата на мускулите на тој начин што ги снабдува со потребните аминокиселини. Избегнувајте грчки јогурт со додатни вкусови бидејќи тој содржи огромни количини шеќер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар