За нив нема место во новата 2016-та година: Кажете им збогум на овие парчиња облека
Модата и трендовите се менуваат секоја сезона, па на голема среќа и задоволство на многу жени, некои парчиња облека со тек на време „изумираат“ од модната сцена. Можеби не е секогаш правило, но оваа облека генерално не е привлечна за око, ниту пак елегантна, па ќе ни биде мило што нема повеќе да ја носиме, ниту пак ќе ја гледаме на останатите. Погледнете ги следниве парчиња облека и признајте дека ќе ви биде драго што за нив нема да има место во новата 2016-та година.
1. Фустани и туники со врзување во горниот дел
Деколтето е во ред, дури е и многу привлечно. Но, реално, фустан или туника што се врзува во горниот дел нема некоја смисла. Ниту е женствено, ниту е провокативно, ниту е секси. Потполно безлично, зар не?
2. Здолниште кое се закопчува однапред
Без разлика дали станува збор за долго здолниште или пак за некое со средна должина, многу дами ќе ги израдува веста дека овој модел повеќе нема да се носи. Најверојатно тексас здолништата ќе останат уште долго време на модната сцена, но овие кроеви повеќе нема да бидат популарни. Се надеваме дека нема уште долго да чекаме за да се случи тоа.
3. Предолги реси
Непослушните реси кои делуваат како да се надвор од контрола повеќе нема да ги красат фустаните и здолништата. Иако познатите го промовираа овој тренд, изгледа и ним им стана јасно дека оваа облека не е воопшто интересна, свечена и урбана.
4. Капут кој не се закопчува
Која е целта на капутот кој не може да се закопча? Кога времето е ладно, кога паѓа дожд или снег, сите ние имаме потреба облеката да ни биде топла. Ниските зимски температури не дозволуваат модни комбинации со кои ќе изгледаме елегантно и стилски, бидејќи со нив постојано би се „треселе“ од студ. Изгледа дизајнерите сфатиле дека овие модели немаат никаква цел, ниту пак смисла.
5. Едноделен костим
Па, овие костими имаат смисла само доколку имате настапи на телевизија или пак, се занимавате со шоу-бизнис. Кога е во прашање одењето на плажа, не се многу практични, бидејќи во нив нема да потемните еднакво и рамномерно. Згора на тоа, сите некако повеќе сакаме дводелно бикини, нели?