За нежните и романтични девојки: Ова лето изберете розов тексас
Веќе знаеме дека розовата боја е хит за оваа сезона. Исто така, знаеме и дека тексасот е безвремена ткаенина која никогаш не излегува од мода. Па како да ги комбинираме?
Кога ќе ги споиме тексасот и розовата боја го добиваме главниот тренд за оваа сезона – облека од розов тексас кои трендсетерките со задоволство го комбинираат во своите модни комбинации.
Доколку сакате во оваа сезона да му дадете освежување на вашиот секојдневен изглед, тогаш тексасот со розова боја е вистинскиот избор.
Модните куќи и познатите брендови предлагаат оваа пролет и лето да обезбедите голема тексас јакна во розова боја, мини тексас здолниште и шорцеви или фармерки.
Карнерите на облеката од тексас се исто така добредојдени. Доколку сакате посуптилен допир од овој тренд, тогаш ви предлагаме да изберете облека во бледо розова боја, а доколку спаѓате во храбрите дами кои не се плашат од силните бои, тогаш можете да избрете фармерки во силна розова нијанса.
Облеката од розов тексас комбинирајте ја со бело палто или нежни пастелни бои за поженствен изглед. Можностите се преголеми, а ваше е да изберете како ќе го вклучите овој тренд во вашите летни модни комбинации.