За младите невести: 5 клучни совети за избор на совршената венчаница

За младите невести: 5 клучни совети за избор на совршената венчаница

Рачниот вез, 3Д ткаенините и елегантните чипки добиваат клучна улога при сите модели кои рачно се изработуваат според мерките на клиентите, а самиот дизајнер многу добро знае низ што сè треба да поминат девојките со цел да ја пронајдат идеалната венчаница за нив. Процесот на одбирање започнува месеци, а можеби дури и години пред самата свадба, па ништо чудно што дамите се толку пребирливи за тоа што ќе го носат за време на нивниот голем ден. Токму затоа погледнете ги следниве корисни совети со цел да можете да ја изберете совршената венчаница за вас и да изгледате како филмска ѕвезда на почетокот од вашиот нов живот.

(1) За младите невести: 5 клучни совети за избор на совршената венчаница

1. Информирајте се. Испратете им мејл или порака на социјалните мрежи на дизајнерите и распрашајте се за цените и роковите на изработка. Многу од идните невести очекуваат дизајнерите да имаат превисоки цени, па затоа и ги избегнуваат, но би се изненадиле колку тие најчесто се подостапни одошто мислите.

2. Започнете ја потрагата по венчаницата најмалку 6 месеци пред свадбата. Тоа е сосема доволно да испробате различни модели, да го пронајдете совршениот за вас и да има време да се изработи квалитетно. Но, внимавајте венчаницата да не ви биде готова прерано, бидејќи многу од невестите под влијание на стрес ја намалуваат тежината пред свадбата, па во тој случај ризикувате таа да ви биде преголема за вашиот голем ден.

3. За време на потрагата по совршениот модел, имајте барем 2 блиски личности крај вас. Тие ќе ви ја прошират перспективата и ќе ви помогнат полесно да го изберете оној модел кој најдобро одговара на вашето тело. Но, внимавајте да ги изберете оние личности кои ќе бидат способни да го стават вашиот моден вкус на прво место, над нивниот.

(2) За младите невести: 5 клучни совети за избор на совршената венчаница

4. Нема потреба да ги пробате сите модели кои ќе ги видите. На тој начин само ќе си нанесете дополнителна збунетост и ќе си го отежнете процесот на одбирање. Јасно кажете ги вашите желби и испробајте ги оние модели кои претходно сте си ги замислувале, како и нешто плус што самиот дизајнер ќе ви го препорача на лице место.

5. Не мора строго да се придржувате до најновите трендови. Венчаницата е фустан во кој треба да изгледате прекрасно, но и во кој треба да се чувствувате удобно. Исто така имајте на ум дека моделот треба да изгледа добро и на фотографиите, бидејќи понатаму тие ќе ви бидат најсилниот потсетник за целиот настан. Крутите постави, сјајните ткаенини и ниско исечените корсети со монистри најчесто претерано блескаат на фотографиите, ставајќи ве вас во втор план.

Совет плус: Внимавајте моделот на венчаницата да одговара на вашиот облик на тело. Барајте ги оние дизајни кои ќе ги кријат вашите недостатоци, а ќе ги нагласат позитивните страни на вашето тело.

(3) За младите невести: 5 клучни совети за избор на совршената венчаница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар