За љубителите на кафе и чоколадо: Рецепт за неодоливо вкусна торта!

За љубителите на кафе и чоколадо: Рецепт за неодоливо вкусна торта!

Италијанците ја обожаваат комбинацијата од кафе и чоколадо, па така на нивните менија честопати можете да најдете колачи направени од овие две состојки. Во продолжение прочитајте го нашиот денешен рецепт за торта од чоколадо и кафе.

За љубителите на кафе и чоколадо: Рецепт за неодоливо вкусна торта!

Потребни состојки за кората:

  • 400 грама шеќер
  • 240 милилитри матеница
  • 240 милилитри сварено црно кафе
  • 200 грама брашно
  • 120 грама стопен путер
  • 75 грама какао во прав
  • 2 големи јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 лажичка сода бикарбона

Потребни состојки за филот:

  • 350 милилитри шлаг крем
  • 300 грама темно чоколадо
  • 30 грама шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 жолчка од јајце

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Подгответе два округли сада за печење со дијаметар од 22 сантиметри и оставете ги настрана.

2. Во сад со жица за матење измешајте брашно, сода бикарбона и шеќер.

3. Во друг сад изматете ги јајцата, екстрактот од ванила, матеницата и растопениот путер.

4. Измешајте ги сите состојки и додадете го топлото црно кафе. Продолжете да мешате сè додека не добиете еднолична смеса.

5. Поделете ја рамномерно смесата и истурете ја во двата сада за печење. Печете околу 30 минути.

6. Оставете ја кората да се излади пред да ја исечете на половина. Во меѓувреме изматете го шлаг кремот заедно со шеќерот. Растопете го чоколадото, па додадете го екстрактот од ванила и жолчката од јајце. Мешајте додека не се соединат сите состојки. На крајот, додадете го чоколадото во смесата со шлаг кремот и повторно мешајте. Со добиениот фил намачкајте ги корите. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт за вкусна торта од кафе и чоколадо, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за црно-бела чоколадна торта која не се пече.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар