За коси во сите должини: 7-те најпопуларни фризури за лето 2018 година
Исто како што модните трендови се менуваат од сезона во сезона, истото се случува и со фризерските. Па, ако сакате и вашата коса да биде во чекор со модата, тогаш погледнете ги најпопуларните фризури за лето 2018 година.
1. Пикси во стилот на 80-тите
Сосема очекувано е тоа што за време на топлите месеци значително расте популарноста на кратките фризури. Една од најбараните за летниот период е пикси фризурата, поточно онаа варијанта што се носела во 80-тите.
2. Продолжен боб
За време на летото е навистина тешко да се постигне ваков изглед, особено поради количината на влага во воздухот, но тоа не ги спречило девојките ширум светот да ја бараат токму неа за време на летниот период.
3. Слоевит боб со класична должина
Уште една разиграна летна фризура што е идеална за љубителките на кратката коса чија желба е вратот да им е слободен.
4. Кадрава пикси фризура
Дамите со кадрици најчесто ги избегнуваат овие кратки фризури, но понекогаш сакаат да сменат нешто и едноставно да си поиграат со својата коса па затоа и се одлучуваат за оваа промена која пак е идеална за летниот период.
5. Брановиден лоб
Оваа фризура е идеална за жените што имаат природно брановидна коса, но лесна е за правење и ако имате рамна коса.
6. Прамени во разни бои
Дамите со долги коси можат да си поиграат и со бојата. Внесете малку живост во фризурата така што ќе измешате повеќе бои и нијанси.
7. Класична пикси фризура
Ако не сакате да експериментирате, а сметате дека кратката фризура би ви била идеална за време на ова лето, тогаш елегантната класична пикси фризура е совршениот избор за вас.
Погледнете ги и најдобрите летни фризури за долга коса!