За една врска да биде успешна, клучно е да имате ист стил на бакнување

За една врска да биде успешна, клучно е да имате ист стил на бакнување

Не може да се каже дека постојат луѓе кои се бакнуваат добро или лошо, бидејќи секој си има свој начин на бакнување кој едноставно може да не одговара со вашиот. Тоа не го прави овој бакнеж лош, туку едноставно некомпатибилен. Токму овој стил на бакнување може да биде клучен за успехот на вашата врска.

За една врска да биде успешна, клучно е да имате ист стил на бакнување

Секоја врска започнува со бакнеж. За многумина, тој може да значи почеток или крај, бидејќи не постои ништо помалку задоволително од бакнување личност која не се бакнува на истиот начин како вас. Што се случува доколку вашиот стил на бакнување е различен од оној на вашиот партнер? Накратко, тоа е проблем. Вие се доближувате до него/неа и веднаш сфаќате дека нешто не е во ред. Најпрво се препуштате, за да видите што точно се случува, но потоа сфаќате дека тоа едноставно не ви одговара. Можеби дури и ве одбива. Токму во тој момент започнува битката со бакнежи.

Вие се борите со вашиот партнер за да го наметнете вашиот начин на бакнување, додека се обидувате да одржувате ритам кој одговара и за двајцата, но сепак вашите обиди за манипулација се залудни. Можеби дури и ќе направите шега со надеж дека тој/таа ќе сфати за што станува збор, но сепак нема да успеете бидејќи колку и да се трудите, едноставно не можете одеднаш да го смените начинот на кој некој се бакнува. Оваа навика била стекнувана со години и таа личност ужива во неа, па токму затоа и нема причина да ја промени. Исто како што и вие не би сакале да го промените вашиот стил на бакнување.

Доколку не ви се допаѓа неговиот/нејзиниот стил на бакнување, тогаш едноставно откажете се од оваа врска бидејќи борбата за добар бакнеж ќе ве чини премногу енергија. Од друга страна пак, доколку навистина ви се допаѓа оваа личност, тогаш можете да го тргнете тоа настрана и со тек на време, преку разговори да направите некаква промена, како кај него/неа, така и кај вас. Доколку и двајцата се адаптирате на вашиот стил, можеби и можеле да успеете. Но, сепак тоа е ризик.

Реалноста е дека кога тогаш, ќе налетате на личност која се бакнува исто како вас, па токму затоа можеби и вреди да ја почекате. Замислете го следново сценарио. Вашите усни се допираат и ви изгледа како вашите јазици да се создадени еден за друг. Тоа е магија. Вие сте толку синхронизирани во овој бакнеж, што ви делува како светот да се врти околу вас. Токму тогаш и настанува вистинското задоволство. Совршениот бакнеж разгорува многу страсти, па големи се шансите дека вие ќе бидете целосно компатибилни и меѓу чаршафите. Па, што мислите… Вреди ли да се чека оваа личност?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар