За добар почеток на новата година: 9 одлуки кои треба да ги донесете уште денес!

За добар почеток на новата година: 9 одлуки кои треба да ги донесете уште денес!

Со доаѓањето на новата година, сигурно сакате одново да го изградите вашиот живот па затоа донесувате безброј новогодишни одлуки. Но вие, како и повеќето луѓе, веројатно ги заборавате овие одлуки за само еден месец, па „новиот“ живот ви станува идентичен со оној пред Нова година.

9-neobichni-i-kreativni-novogodishni-odluki-kafepauza.mk

Можеби проблемот не е во вас. Можеби ви е здодевно постојано да донесувате исти новогодишни одлуки секоја година. Сигурно ви се познати некои – да вежбате повеќе, да ослабите, да се храните поздраво… Па зошто оваа година да не ги прекршите правилата и да пробате некоја нова одлука? Направете нешто забавно, креативно, интересно. Погледнете неколку предлози за нови и креативни новогодишни одлуки.

1. Изгледајте 10 филмови што се режирани од жени

Ако повеќето филмови кои ги имате изгледано се американски, 95% од нив се режирани од мажи, а во 99% од нив главната улога ја имаат исто мажи. Но зошто е ова важно?

„Приказните се начинот на кој го разбираме светот и нашето место во него. Со нивна помош развиваме емпатија за луѓето кои имале искуства различни од нашите“, изјавила актерката Наоми Мекдагал Џоунс.

Истражувањата покажувале дека филмовите кои ги гледате имаат влијание на вашиот избор за кариера, на вашите врски, на вашето ментално здравје и на уште многу други работи. Па, обидете се да изгледате филмови режирани од жени за да видите како ќе се промени вашата перспектива.

2. Одберете личност со која не се согласувате и однесете ја на ручек

Сите ние ги судиме оние што не размислуваат како нас. Како резултат на ова ние не ја гледаме нивната човечност, туку се фокусираме на разликите. Можете ли да се сетите на некој кој го судите само затоа што има различно мислење од вас? Поканете го на ручек. Се разбира, пред да се сретнете поставете некои правила – никој од вас нема да предизвикува, да се брани или да прекинува. Бидете љубопитни и реални. И се разбира, слушајте што има да ви каже таа личност. Кога Елизабет Лесер го направила ова, таа и нејзиниот соговорник сфатиле дека всушност имаат почит еден кон друг.

„Ниту еден од нас не се обидуваше да го промени другиот, но исто така не се преправавме дека нашите разлики ќе исчезнат. Наместо тоа заедно ги направивме првите чекори и ги надминавме избрзаните реакции.“

3. Закажете си време еднаш неделно да ви биде здодевно

Ако вашиот мозок е постојано окупиран, големи се шансите да ги испуштате некои од најдобрите идеи.

„Кога ви е здодевно, вие активирате мрежа во вашиот мозок која е наречена ‘стандардна’. Овој режим ни помага да ги поврземе нашите идеи и да решиме некои од најтешките проблеми. Понекогаш правиме и нешто што е наречено автобиографско планирање. Ова е кога ги погледнуваме нашите животи, обрнуваме внимание на големите моменти, создаваме лична нарација и поставуваме цели и планови за нивно постигнување“, изјавил Моноус Зомороди.

Па, оставете го вашиот смартфон и закажете си време за правење ништо.

4. Допишувајте се со некој од затвор

Понекогаш е потребно само едно писмо за да се промени нечиј живот. Кога Марлон Питерсон бил во затвор, тој почнал да добива писма полни со приказни и цртежи од деца. Овие писма правеле да се чувствува како да е важен. Исто така, тој ги споделувал писмата и цртежите со луѓето кои биле во неговата ќелија. Сега тројцата затвореници се навистина успешни луѓе. Марлон вели дека за тоа им должат на писмата.

„Ми се зголеми чувството за вредност. Тие писма ми покажаа како можам да придонесам за оваа планета.“

Еднаш месечно собирајте се со неколку пријатели и пишувајте писма за затвореници. Вашите зборови може ќе бидат потребната мотивација и надеж за некој целосно да си го промени животот.

5. Направете едно нешто што ве плаши, знаејќи дека ќе бидете одбиени

Сакате да го надминете стравот од одбивање? Едноставно изложете се на него. 30 дена барајте нов начин да бидете одбиени. Направете го она што го направил авторот Џиа Џианг. Побарајте гратис хамбургер во сендвичарата или побарајте му 100 евра на некој странец. На крајот ќе се ослободите од болката која доаѓа со одбивањето, болката која не ви дозволува да ги постигнете вашите цели.

„Одбивањето ми беше проблем целиот живот бидејќи бегав од него. Но почнав да го прифаќам. Го претворив во најголемиот дар од мојот живот.“

6. Секоја недела разговарајте со странец

Лесно е да заглавите во некоја рутина и да ги заборавите луѓето околу вас. Оваа година посветете се на разговарање со странци, без разлика дали е личноста која чека до вас во редица, некој кој го гледате секое утро кога одите на работа или пак, некој родител од училиштето на вашето дете. Дури и само едно „Здраво“ или „Како сте денес“ може да ви го разубави денот и да направи другата личност да се чувствува видено.

„Кога разговарате со странци вие правите убави прекини во очекуваната нарација во вашите секојдневни животи“, изјавила Кио Старк.

Ќе се изненадите колку нови и неочекувани конекции можете да направите.

7. Прославете некој неуспех со пријателите

Многу од најпознатите приказни за успех почнуваат со ризична идеја. Но многу често стравот од неуспех не ни дозволува да пробаме да направиме нешто. Па зошто да не го прифатите овој страв? Помислете на момент кога сте доживеале навистина голем неуспех, а потоа прославете го. Ова ќе ве охрабри да ги следите дури и најлудите идеи и ќе престанете да се грижите што ќе кажат другите ако не успеете. Поканете неколку пријатели на вечера и прославете го неуспехот. Направете цела забава и обидете се да забележите што можете да постигнете кога нема да ви биде страв од неуспехот.

8. Цел месец кажувајте „Да“ за сè

Пробајте го овој интересен експеримент. Кажувајте „Да“ за сè што ве плаши. Кренете рака и прифатете некој нов проект на работа. Одржете јавен говор за проблем кој ви пречи. Отидете на часот по кик-бокс кој долго го избегнувате. Кога продуцентот Шонда Рајмс одлучила да вика „Да“ за нештата што ја правеле нервозна, таа отишла многу подалеку од својата удобна зона.

„Самото правење на нешто што ме плаши направи да ми исчезне стравот од истото. ‘Да’ го промени мојот живот. ‘Да’ ме промени мене.“

9. Купувајте овошја и зеленчуци што не изгледаат совршено

Дали одите во продавница и ги разгледувате продуктите сè додека не го најдете оној без недостатоци? Нашата желба за совршена храна води до тони храна која се фрла. Цела третина од храната всушност се фрла.

„Не станува збор за расипана храна. Се фрла храна која е добра и свежа“, изјавил активистот Тристрам Стјуард.

Оваа година обидете се да купувате овошја и зеленчуци што не се совршени. И тие се исто толку добри за јадење, а на овој начин ќе помогнете при намалување на фрлање храна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар