За девојките што се во чекор со модата: Најпопуларниот модел на фустан за ова лето!
Со овој модел не можете да згрешите! Кога и да се зборува за модата, малиот црн фустан е секогаш на врвот. Но, кога станува збор за жешките лета, особено за најтоплиот месец во годината, краткиот бел лелеав фустан е незаменлив. Тој одлично стои на сите видови тела и го истакнува потемнетиот тен.
View this post on Instagram
Без разлика за каков настан планирате да го одберете белиот фустан, вие нема да згрешите бидејќи е многу лесен за комбинирање. Многу лесно се трансформира од дневен кежуал изглед со лесни патичиња и голема чанта во елегантен вечерен модел со високи потпетици и впечатливи модни додатоци.
View this post on Instagram
Покрај соодветниот крој, при бирањето на моделот важно е да изберете природен материјал со цел кожата да може да ви дише дури и при највисоките температури. Изборот на моделот зависи целосно од вас, но не е лошо да го нагласите струкот, без разлика на вашето тело, со цел да добиете попропорционален изглед.
View this post on Instagram
Доколку се одлучите за едноставен крој или тесен модел, имајте на ум дека треба да имате тонирано тело и витки нозе со цел да можете да го извлечете најдоброто од него. Фустаните со ракави се одлични за оние што сакаат да ги скријат рацете додека пак оние што сакаат да ги нагласат облините треба да одберат модел што се шири под појасот.
Не можеме без нив: Фармерките што се во тренд оваа сезона!