За беспрекорен и елегантен изглед: Модни совети и предлози за посебни прилики

За беспрекорен и елегантен изглед: Модни совети и предлози за посебни прилики

Посебните прилики, односно, оние прилики во кои сакаме да изгледаме многу убаво честопати знаат да ни зададат главоболки. Не знаеме што да облечеме, ниту пак како да ја направиме соодветната фризура. Затоа денес, со вас споделуваме неколку совети и предлози кои ќе ви помогнат успешно да се справите со ваквите ситуации.

1-za-besprekoren-i-eleganten-izgled-modni-soveti-i-predlozi-za-posebni-priliki-www.kafepauza.mk_

Одберете фустан кој нема да го има баш секој. Можете и да го сошиете. Сами изберете ги деталите и должината спрема вашата градба. Бојата на фустанот нека биде ведра како и прославата на која ќе присуствувате.

Секогаш обидувајте се да го истакнете она што го сметате за најубаво на вас, а да го сокриете она што е најмалку убаво. Не стои на секого тесен, широк или краток фустан.

Кога ќе откриете еден дел од телото, задолжително сокријте го остатокот за да направите совршен баланс.

2-za-besprekoren-i-eleganten-izgled-modni-soveti-i-predlozi-za-posebni-priliki-www.kafepauza.mk_

Во високи потпетици вашите нозе ќе изгледаат многу подолго. Меѓутоа, водете сметка за тоа колку ви е удобно. Обувките со платформа не се најелегантната варијанта, но секако се поудобни за носење. Исто така избирајте модели во неутрални бои кои нема да привлечат преголемо внимание на стапалата.

3-za-besprekoren-i-eleganten-izgled-modni-soveti-i-predlozi-za-posebni-priliki-www.kafepauza.mk_

Фризурата нека биде лежерна, така што благо ќе ги навиткате и соберете прамените околу лицето во мала пунџа која ќе стои на врвот од главата. Најважно е ништо да не биде премногу затегнато и тешко. Оваа фризура многу лесно ќе можете да ја направите и сами.

4-za-besprekoren-i-eleganten-izgled-modni-soveti-i-predlozi-za-posebni-priliki-www.kafepauza.mk_

Се надеваме дека ви се допаднаа овие совети и предлози и дека наредниот пат ќе бидете покреативни кога е во прашање изборот на модни комбинации за посебни прилики.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар