За 10 години ќе се каете за следниве 10 одлуки

За 10 години ќе се каете за следниве 10 одлуки

„Ех, да се однесував поинаку тогаш…“ е реченица што многумина од нас ја имаат изговорено. За да не дојде до тоа повторно, еве што треба да престанете да си велите на себеси.

За 10 години ќе се каете за следниве 10 одлуки

1. Ќе се сменам за да ги импресионирам другите

Ако секојдневно се обидувате да го промените вистинското јас, еден ден нема да остане ништо од него. Ако поминувате премногу време размислувајќи за тоа како другите ве доживуваат или ако станувате онакви какви што тие сакаат да бидете, на крајот ќе заборавите кои сте вие самите. Не треба да сте совршени за да ги импресионирате луѓето. Оставете ги да се импресионираат од начинот на кој вие се носите со сопствените несовршености.

2. Гајле ми е за моите цели и соништа

Најголем предизвик во животот е да се пронајдете себеси. Втор по големина пак, е да сте среќни со она што сте го пронашле. Секако, за да дојдете до тоа треба да останете верни на сопствените цели и соништа, без разлика на тоа што ќе речат другите.

За 10 години ќе се каете за следниве 10 одлуки

3. Нема шанси да најдам други пријатели

Иако чувствувате дека пријателите што ги имате ви влијаат негативно, сепак и понатаму продолжувате да се дружите со нив. Не им дозволувајте да се однесуваат така со вас. Кога ќе сфатите дека друштвото е избор, а не должност што треба да ја исполните, ќе почнете да се опкружувате со луѓе што зрачат со трпение, широкоградост и чувствителност, наместо нетрпеливост, алчност и лутина.

4. Најубаво да си бидам себичен/на

Само ова е доволно: „Она што го правите само за себе, ќе умре заедно со вас; она што го правите за другите, останува и понатаму да живее“. Луѓето кои сте ги инспирирале и на кои сте им помогнале, ќе ве помнат дури и откако ќе заминете од овој свет. Затоа, правете добри дела и со тоа станете мал дел од вечноста.

За 10 години ќе се каете за следниве 10 одлуки

5. Секогаш ќе мислам на минатото

Ако сакате да го знаете минатото, погледнете ја сегашноста. Ако сакате да ја дознаете иднината, повторно погледнете ја сегашноста. Мора да заборавите на она што минало, за да одите напред. Што побргу го сфатите ова, толку побрзо ќе напредувате.

6. Премногу е тешко, ќе се откажам

Нема неуспеси, туку само резултати. Дури и работите да не се одвиваат онака како што вие сте си замислиле, не се обесхрабрувајте. Увидете колку сте способни и давајте сѐ од себе. Оној кој со бавни чекори напредува, на крајот победува. Успехот не доаѓа наеднаш. Потребни се многу мали чекори, одлуки, дејствувања за да се изгради огромен триумф.

За 10 години ќе се каете за следниве 10 одлуки

7. Морам сѐ да испланирам

Понекогаш треба да се опуштите и едноставно да оставите животот да се тече. Не мора секогаш да знаете каде одите, за нешто да излезе одлично. Сѐ во животот има совршен ред, иако можеби сега не сте свесни за тоа. Само потребно е време и трпение.

8. Ќе се задоволам со помалку од она што го заслужувам

Бидете доволно мудри да можете да го дочекате она што го заслужувате. Не се задоволувајте со помалку и бидете свесни колку вредите.

За 10 години ќе се каете за следниве 10 одлуки

9. Од утре, ќе почнам да…

Немате толку многу време како што си замислувате. Еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека веќе немате време за сето она што сте сакале да го направите. Затоа, престанете со изговори и уште денес почнете со остварување на зацртаните цели и желби.

10. Сакам, но ме мрзи

Престанете само да седите и посакувате. Почнете да дејствувате. Преземете контрола и одговорност врз сопствениот живот. На светот му требаат луѓе како вас.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар