Врската помеѓу менталното здравје и начинот на исхрана

Врската помеѓу менталното здравје и начинот на исхрана

За луѓето кои страдаат од ментални нарушувања, храната може да има и негативно и позитивно значење. Одредени видови храна можат да помогнат во одржувањето на здравата емоционална состојба, додека други можат да предизвикаат негативни чувства. Можат да придонесат за одредени ментални проблеми кои предизвикуваат драстични промени во начинот на исхрана, а ова може дополнително да го влоши психолошкиот проблем.

Врската помеѓу менталното здравје и начинот на исхрана

Важно е да се напомене дека проблемите со менталното здравје не можат да се решат само со храна. Но, храната е од голема важност во нашите животи и има влијание на расположението, енергијата и хемијата во стомакот, а често ги предизвикува симптомите поврзани со разни ментални нарушувања. Па, потенцијален метод за грижа и одржување на здравјето е здравиот начин на исхрана.

Нездрав начин на исхрана

Зборот „нездрав“ има повеќе значења кога станува збор за исхраната. Може да значи премногу, премалку, погрешен вид храна или емоционална врска со храната.

Храната е неопходна за нашето преживување, но бидејќи сме свесни битија способни за размислување, нашата врска со храната станува многу покомплицирана од потребното. Може да стане влијателен фактор на нашите сеќавања и развој и може да помага во создавањето врски со нашата самодоверба, удобности анксиозност. Храната е постојано присутна во нашите животи, дури и кога не ја консумираме. Кога размислуваме за нешто толку многу, кога станува дел од толку многу искуства, нормално е да се развие комплексна поврзаност.

За многу луѓе кои се соочуваат со ментални нарушувања храната може да биде извор на помош, но и пречка. Реткото јадење може да предизвика негативно расположение, кое пак може целосно да ја намали мотивацијата за здрава исхрана. Особено кога станува збор за депресија и анксиозност, енергијата потребна за здрав начин на исхрана е невозможно да се добие со депресивните епизоди.

Оваа штетна врска не мора да биде во форма на булимија или слични нарушувања. Понекогаш дури и нештата како носталгија можат да предизвикаат проблем ако немате навика да се храните здраво. Кај многу луѓе проблемите со физичкото здравје доаѓаат од неправилниот начин на исхрана и живеењето со некакво ментално нарушување.

Храната како позитивно влијание

Од друга страна, храната може да им биде од голема помош на луѓето без разлика дали се справуваат со ментално нарушување или само сакаат да водат поздрав живот.

Храната има влијание на мозокот, начинот на размислување и емоционалната состојба. Правилната мешавина од витамини, минерали, масла и здрави масти може да ја подобри функцијата на мозокот, нивото на енергија, меморијата и да ни помогне да се справуваме со емоциите. Сепак, важно е да не заборавите дека правилната исхрана не е лек. Таа можеби е начин за справување со симптомите, но најчесто е потребна помош од медицинско лице.

Штом ќе се најдете на подобро место, правилната исхрана ќе ви помогне да останете таму. Одредени видови храна, како лососот и камилицата ги намалуваа симптомите на депресија и анксиозност.

Здравите навики се надополнуваат, исто како што прават и нездравите. Најдобриот начин да ја зачувате рутината е да ги препознавате првите знаци на саботирање. Запомнете дека здравата исхрана не значи дека треба да се откажете од сè што сакате. Понекогаш е добро да се почестите со „нездрав“ оброк бидејќи во спротивно може многу полесно да се откажете. Покрај тоа, чоколадото навистина прави да се чувствуваме подобро.

Прочитајте ги и овие совети кои ќе ви помогнат да го подобрите вашето ментално здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар