Врне врне дожд, да си најдам грош...

Врне врне дожд, да си најдам грош…

Дожд. Ама не убав, топол и летен, туку студен и тмурен. Како што кокичето е предвесник на пролетта, така студениот дожд придружен со ветерко, ја најавува есента. Да, ја сакам есента, мирисот на зимници, одењето по есенски лисја, бла бла бла, ама ладно ми е и чувствувам дека за многу брзо ќе почнам да копнеам по летото. И тоа ќе го правам дур да дојде идното. И така сè во круг.Врне врне дожд, да си најдам грош...Се враќам дома накисната како маче, навистина толку накиснат од дождот изгледаш како гревче. Ми доаѓа да опцујам, онака од срце, сè по список, ама велат дека дамите не смеат да пцујат. Море ние дамите сепак пцуеме. И трескаме врати. Не дај боже да нè начекаш во ПМС… Ама тоа е веќе друга тема на муабет. Се враќа мојата братучеда, накисната од увото до малото прсте на ногата. „Даде, види ме, види ме колку сум убава од дождот. И цела сум мокра…“, и разлева прекрасна смеа која ја грее просторијата. Некогаш и јас бев таква. Му се радував на дождот и пеев додека студените капки демонстрираа посебен танц во воздухот. Но како што преминувам во светот на возрасните, дождот придружен со грижа за испитите и за што уште не друго, не е баш среќна појава. Ми се чини дека заборавам да му се радувам доволно, онака детски, од срце. „Некои луѓе го чувствуваат дождот. Други само се наводенуваат.“ Епа нејќам само да се наводенувам. Сакам да го чувствувам дождот на својата кожа. Сакам да трчам боса по водената зелена трева и да го провоцирам дождот да паѓа повеќе, да видиме колку може, која му е силата…

Во зима ни е ладно и улиците се подмрзнати, во пролет ни е супер, сè цути, ама пусто не е лето. Летото пак кога ќе дојде, брзо минува. Есента носи многу дожови. И само се вртиме во круг чекајќи да почнеме да живееме. Не сега, после. Еве едно изненадување. Минува. Животот си тече. Дали било пролет, лето, есен или зима, поминува. И се случува сега.

Затоа заборавете на кукањето, ми фали она или ова, и научете се да му се радувате на дождот. Исто како кога сте биле деца. И што дека ќе ви ја намокри облеката или расипе фризурата? Ќе преживеете, ви гарантирам.

Ели



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Bibe Reply

    Се радувам на ваквите колумни кои кога ги читам, во себе си велам :ехх ете како јас да сум го пишувала ова…Советот ти го послушав пред извесно време: нема поубаво чувство од радување на дождот – ослободува. Сега намерн не носам со мене никогаш чадор, сакам да осеќам како капките дожд ми се тркалаат по образи 🙂
    Поздрав, прекрано пишуваш.

Остави коментар