Времето лета: Имате уште неколку дена до крајот на годината за да ги направите овие нешта!
Ако сте како повеќето, тогаш сигурно ги правите истите работите по сто или по илјада пати, и веќе почнувате да ја чувствувате монотонијата на секојдневието. Па, ако сакате да ја запомните оваа година како поразлична од останатите, имате уште само неколку дена за да дејствувате. Ако сè оди по планот, можете дури и да откриете нов дел од себе, нешто што е непроценливо.
1. На пауза за ручек, почнете разговор со колегата со кој никогаш не разговарате
Сигурно повеќето од вас имаат круг на пријатели и познајници до кој се држите и не се ни обидувате да го проширите бидејќи сметате дека тие ви се доволни. Иако нема ништо лошо во ова, замислете што сè би можело да се случи ако ја подигнете главата и тргнете кон оние што не ги знаете. Запознавањето е една од наједноставните и најдобрите начини да го промените вашиот живот и да си отворите многу можности за во иднината.
2. Купете си секси долна облека
Крајот на годината е совршеното време за купување екстравагантна долна облека. Ако имате навика да купувате само памучни и удобни гаќи и едноставни градници, тогаш време е да се почестите за успешната година и да ја дочекате новата во сензуална долна облека. Верувајте ни, вашата самодоверба и љубов кон себе ќе порасне повеќе од кога било порано. Да не зборуваме воопшто за тоа колку ќе ги изненадите вашите партнери или сопрузи.
3. Одвојте еден ден за релаксирање во спа центар
Одвреме-навреме на сите ни се потребни барем неколку минути за да застанеме и да се посветиме себеси, а зарем има подобар начин да го сториме тоа од спа? Исклучете го мобилниот, заборавете на сите обврски и проблеми и опуштете се. Потонете во оваа мирна оаза и дочекајте ја Новата година во благосостојба и со повисока енергија.
4. Пробајте нова активност
Понекогаш треба да направите неколку флеки и дупки на облеката за да доживеете искуство што никогаш нема да го заборавите. Вие можете да откриете љубов и онаму каде што никогаш не сте мислеле дека е можно – па, ако никогаш не сте планинареле, сторете го тоа веднаш! Ако не сте биле на лизгање, што чекате? Можеби идната страст ви се крие во стрелаштвото? Нема да дознаете ако не пробате.
5. Исчистете го шкафот
Да, ја разбираме емотивната поврзаност со одредени парчиња облека, но оние што ви фаќаат прашина во шкафот со изговор „некогаш да не ви притребаат“, уште веднаш треба да ги исфрлите. Ако не сте ги облекле во последниве 2, 5 или 10 години, зошто мислите дека ќе го сторите тоа во наредните 2, 5 или 10 години? Не само што ќе ослободите драгоцено место во шкафот, туку, ако ги донирате, ќе им дадете втора шанса за живот.