Време е да се ослободите од минатото, а следниве 20 знаци укажуваат на тоа

Време е да се ослободите од минатото, а следниве 20 знаци укажуваат на тоа

Сите ние имаме минато. За некого тоа се убави спомени, за други можеби и не толку, а трети би дале сѐ да го заборават. Минатото влијае на нас и она што се случувало тогаш има удел во тоа кои сме ние денес. Но какво и да било, без разлика какви слатки или горчливи маки носи со себе, она што не смееме да дозволиме е минатото да преземе контрола врз нашата сегашност. А следниве 20 знаци укажуваат дека конечно е дојдено време да се ослободите од него и да продолжите понатаму.

(1)-vreme-e-da-se-oslobodite-od-minatoto-a-slednive-20-znaci-ukazhuvaat-na-toa-kafepauza.mk

1. Вашите мисли лутаат кон минати, наместо кон сегашни случувања.

2. Сеќавањата од минатото ви носат повеќе болка отколку радост.

3. Копнеете и очекувате некој или нешто да се промени.

4. Сегашноста ви е досадна, вие сте незаинтересирани и полни со горчина.

5. Се обидувате да промените, поправите или отфрлите одредени случувања или однесување на кои ниту во минатото не сте можеле да влијаете.

6. Се чувствувате оставени сами на себе, напуштени, непочитувани од вашите блиски, како никој да не ве забележува ниту, пак, ви придава значење.

7. Некој или нешто ве задржува да го правите тоа што го сакате или да одите таму кај што имате желба.

8. Решавате да останете присутни во околина во која работите не се менуваат на подобро.

9. Наместо среќни и насмеани, поголемиот дел од времето сте тажни и со солзи во очите.

10. Луѓето и случувањата околу вас емоционално ве истоштуваат.

11. Не сте страсни за она што го работите, а некогаш ви носело големо задоволство.

12. Се жртвувате себеси, вашите чувства и ставови за некој или нешто друго.

13. Не се забавувате повеќе и ништо не ви е интересно.

14. Се плашите дека овој момент, сега и таму каде што се наоѓате е најдоброто што може да ви се случи и нема одење понатаму.

15. Се принудувате себеси да изгледате среќни и задоволни само за да се скриете од болката, тагата и причината за нивното постоење.

16. Чувствувате дека се оддалечувате од тоа каква личност навистина сте, па соништата и целите кои некогаш сте ги имале, сега делуваат невозможни.

17. Прифаќате да останете со одредени луѓе и да бидете заробени во околина која ве загушува само поради стравот од промена.

18. Имате интензивно чувство кое ви кажува дека треба да се ослободите од нешто или некого.

19. Ви причинува среќа самата помисла на можноста за промена, за слобода, за нешто подобро.

20. Длабоко во себе верувате дека сте способни да бидете подобри, посреќни и да водите поубав живот.

Сигурноста е удобна. Кога се водите според минатото и она кое ви е познато, колку и да било болно, она што ви го нуди е чувство на сигурност бидејќи знаете што ви носи, каде ве носи и што да очекувате. Сегашноста од друга страна е непредвидлива. Таа е премин меѓу минатото и иднината и како таква, постојано ве држи неизвесни. Но, истовремено, ви носи возбуда, среќа, живот. Бидејќи единствено кога живеете во сегашноста, само тогаш сте живи и присутни за сета убавина на светот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар