Време е да пробате нешто ново: Рецепт за похувани зелени домати

Време е да пробате нешто ново: Рецепт за похувани зелени домати

Дали некогаш сте го гледале филмот „Пржени зелени домати“? Ја раскажува трогателната приказна за пријателството меѓу две жени кое е доказ дека со помош на љубовта можеме да ги надминеме сите животни неволји. Инспирирани од овој филм ви го споделуваме рецептот за похувани зелени домати – традиционално американско јадење. Според историските извори, еврејските мигранти го довеле ова јадење во Америка во 19 век. Станува збор за вкусен рецепт кој е одличен избор за топлите летни денови.

Време е да пробате нешто ново: Рецепт за похувани зелени домати

Потребни состојки:

  • ½ килограми зелени домати (одберете поголеми домати со еднаква големина)
  • 200 милилитри кефир
  • 2 јајца
  • пченкарно брашно или палента
  • лебни трошки
  • сол и пипер
  • босилек
  • оригано
  • лук
  • црвен мелен пипер
  • лимон

Потребни состојки за сос:

  • кисела павлака
  • 1 ќесичка мајонез
  • сок од половина лимон
  • копар
  • 2 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

1. Исечете ги доматите и додадете сол и црн пипер.

2. Додадете ги сите зачини во садот со лебните трошки.

3. Испрпелајте ги доматите првин во пченкарното брашно (или палентата), па во изматените јајца со кефир и на крајот во садот со лебните трошки.

4. Пржете сè додека не поруменат.

5. Готовите домати ставете ги на хартија за да се исцедат од вишокот маснотии.

6. За сосот доволно е да ги измешате претходно наведените состојки.

7. Послужете како предјадење, прилог или главно јадење. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за похувани домати, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за похувани пиперки со сирење.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар