Вратете си ја самодовербата во неколку едноставни чекори

Вратете си ја самодовербата во неколку едноставни чекори

Самодовербата е клучен елемент во здравиот однос кон себе, но и во градењето здрави односи со другите. Темелите на самодовербата се поставуваат уште во самото детство, а ја градите во текот на целиот живот.

Вратете си ја самодовербата во неколку едноставни чекори

Но, животните проблеми и грешките од минатото неретко можат да ве натераат да почнете да се сомневате во себе. Сепак, постојат неколку едноставни чекори што ќе ви помогнат да ја вратите вашата самодоверба.

1. Не споредувајте се

Можеби некој има сè и достигнал огромен успех, но каква врска има тоа со вас? Фокусирајте се на вашиот живот и на вашите околности.

2. Помалку самокритикување

Добро е да размислувате за вашите постапки, но доколку го правите ова секојдневно, нормално дека ќе ја намалите вашата самодоверба. Наместо да размислувате за вашите недостатоци, свртете го вниманието кон добрите нешта во вашиот живот.

3. Повеќе волонтирање

Докажано е дека луѓето се посреќни и позадоволни кога им помагаат на другите. Па зошто да не се вклучите во некоја добротворна организација или да се обидете да волонтирате некаде барем еднаш месечно?

Пробајте ги и овие психолошки трикови за поголема самодоверба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар