Вратете ја изгубената волја: Одлични методи со чија помош можете да си ја подобрите мотивацијата
Често се случува да ја изгубиме волјата за оние нешта кои вообичаено сакаме да ги правиме. Но, зошто се случува тоа и најважно од сè, како можеме да се справиме со овој проблем и да си ја вратиме назад нашата мотивација?
1. Откријте ги причините за намалената мотивација
Првиот чекор при подигнување на нивото на вашата енергија е доколку го пронајдете изворот кој ви ја троши. Ниската мотивација може да биде резултат на физички умор, лоша исхрана или недоволен сон. Можно е да се плашите од резултатите за нешто што мора да го направите, на пример, предавањето на одреден проект, па токму затоа и одложувате. Лошата мотивација може да се јави дури и ако имате проблем со намалената самодоверба и не сакате да излезете од вашата сигурна зона.
2. Ако причината е физичка, погрижете се за вашето тело
Уморни сте? Наспијте се! Се чувствувате лошо? Вежбајте или трчајте половина час. Понекогаш сè што ви е потребно е да се оддалечите од вашата работа и да вдишете свеж воздух. Размислете и за тоа што го јадете. Намалената енергија може да укажува и на недостаток од хранливи материјали во вашиот организам. Од друга страна пак, можеби сè уште не сте се ослободиле целосно од неодамнешната настинка, па нејзините последици се сè уште присутни.
3. Ако имате проблем со самодовербата, разберете зошто
Ниската самодоверба настанува како резултат на вашите мисли кои ве убедуваат дека не сте доволно добри или способни да направите нешто. Овие мисли водат и кон уверувањето дека сите останатите се подобри од вас. Време е да престанете да размислувате на овој начин, бидејќи тоа не само што влијае негативно на вашата мотивација, туку станува и дел од вашиот систем со верувања. Што добро ќе ви донесат овие мисли? Смислите неколку реченици кои ќе ве мотивираат кога ќе ви биде тоа потребно, како на пример, „Верувам во себе!“ и не заборавајте да си ги повторувате.
4. Најдете мали нешта кои ве мотивираат
Кога ќе имате лош ден, обидете се прво да ги поправите ситниците. Купете си го омиленото кафе заедно со вкусен колач, испланирајте да гледате некој добар филм или договорете се да излезете со пријателите по работа. Опуштете се во топла бања или во удобниот кревет кој ве чека дома. Најдете што повеќе од овие мали задоволства и брзо ќе забележите дека вашата мотивација се зголемува, додека истовремено проблемите кои моментално ги имате ќе се намалуваат во вашите очи.