Восхитете ги неговите родители: 10 совети кои ќе ви помогнат да оставите одличен впечаток

Восхитете ги неговите родители: 10 совети кои ќе ви помогнат да оставите одличен впечаток

Кога станува збор за запознавање на неговото семејство, веројатно сте преплашени како тоа ќе изгледа. Претерано сте нервозни и многу се смеете што прави да наликувате на ветрушка. Ова е целосно нормална реакција. Сите луѓе кои некогаш се нашле во ваква ситуација се по малку избезумени. Ова е голем чекор. Никој не е самоуверен и во најдобро расположение, но тоа не значи дека сѐ е дозволено.

2-voshitete-gi-negovite-roditeli-kafepauza.mk

1. Облечете се соодветно

Првиот впечаток што го добивате за некого е токму оној впечаток кој засекогаш ќе ви остане во главата, дури и ако тој е лош. Затоа е многу важно соодветно да се облечете при запознавањето на неговите родители.

Додека е во ред да носите тесни фустани и штикли пред вашето момче, ако тоа нему му се допаѓа, тоа никогаш нема да биде во ред ако така сте облечени пред неговата мајка. Сѐ што ќе ви обезбеди влез во ноќен клуб или ќе ви донесе пијачка и спас од полицајците не смеете да го облечете за ваква посебна прилика.

Целете кон „бизнис кежуал“. Одлично за во канцеларија и одлично за вечера со неговите. Исто така забранети се блузи со деколте без разлика колку ви се убави градите. Одолејте му на искушението да ги истакнете вашите адути во здолништа или фустани над коленото. Носете долг летен фустан ако е топло и обична блуза или џемпер ако е ладно.

Косата нека ви биде едноставна и убава, но не претерувајте со спрејот за коса. Накитот и шминката сведете ги на минимум. Сакате да бидете сфатени сериозно.

2. Слечете ги обувките

Ако сте во нивната куќа тогаш слечете ги обувките пред да влезете. Не сакате да го извалкате килимот со кал и слични нечистотии. Но, пред да го направите ова, подобро консултирајте се со вашето момче. За некои родители ова е изразување почит кон чистотата на нивните подови и одраз на домашна култура, а за некои е навредливо.

Ако ги слекувате обувките бидете сигурни дека вашите нозе се спремни за покажување. Секако, мора да бидат чисти: направете им педикир, иако планирате да носите чорапи. Исто така инвестирајте во спреј за нозе кој ќе им даде пријатна миризба.Woman's legs and shopping bags

3. Бидете културни

Ова е предобро познато, но не е на одмет ако го споменеме уште еднаш. Секогаш бидете љубезни и културни.

Запомнете да ги користите зборовите „Ве молам“ и „Ви благодарам“ колку што е можно почесто. Почитувајте ја нивната култура, семејни вредности и религиски традиции, дури и ако не ви се познати. Ако кажуваат молитва пред да јадат, направете го и вие тоа. Ако слават некои празници кои вие не ги славите, сепак честитајте им ги.

Важно е да имате на ум дека сте во туѓа куќа. Ако сѐ оди супер со вашето момче тогаш можете и да попримите некои од традициите и таа куќа да стане ваш дом. Почитувајте ги традициите и нивните верувања и секогаш, ама баш секогаш сетете се на што ве учела вашата мајка.

4. Изедете сè што се наоѓа на вашата чинија

Многу луѓе, особено мајките ќе се навредат ако не изедете сѐ што се наоѓа на чинијата и не ја испиете чашата до дното. Направете го тоа, иако се прејадовте и задолжително заблагодарете се на убавиот оброк. Ако веќе навистина не можете да изедете сѐ, тогаш барем потрудете се тоа да биде половина од вкупната храна.

Ако неговата мајка готвела сама, тогаш дефинитивно пофалете го нејзиното готвење, и ако сакате да се умилкувате малку, побарајте рецепт.

Ако не можете да дојадете и тие се понудат да ја спакуваат храната, тогаш прифатете. Неговата мајка нема потреба да знае колку ја мразите нејзината пита и дека планирате да ја нахраните мачката на соседите со неа.

5. Секогаш смејте се на нивните шеги

Некои луѓе едноставно немаат смисла за хумор и не секогаш ги разбираме нивните шеги. Некогаш обидите за хумор се навредливи и невкусни, но на денот на запознавањето на неговите родители вие мора да се смеете, без разлика колку се лоши шегите.

Препорачливо е да одглумите насмевка и веднаш, колку што е можно побрзо да смените тема.
Нема потреба вие да кажувате шеги за да ги восхитите со вашата духовитост. Но прифатете дека не можете да го промените старомодниот начин на шегување од неговиот татко.

Разговорот е една од најважните компоненти за успешно запознавање со родителите. Не учествувајте во полемизирачки теми кои се сметаат за контроверзни. Тука спаѓаат темите за политика, секс и ништо што може да започне жестока дебата. Ако не го кажувате пред вашата мајка, тогаш немојте ни пред неговата. Ако ве прашаат за непријатни политички или социјални прашања тогаш едноставно одговорете со насмевка.

Не бидете рамнодушни. Ако имаат страст кон нешто и го бараат вашето мислење тогаш секако дека треба да бидете свои и нормално притоа да бидете културни. Родителите сакаат да бидат сигурни дека нивниот син излегува со паметна и интелигентна жена која размислува со сопствената глава.

4-voshitete-gi-negovite-roditeli-kafepauza.mk

6. Не зборувајте премногу

Кога сме нервозни имаме тенденција премногу да зборуваме. Но, кога премногу зборувате оставате лош впечаток врз луѓето околу вас, особено ако тоа се неговите родители.

Одржувајте баланс помеѓу доминација во разговорот и повлекување ако немате што да кажете. Ваквото запознавање сметајте го како интервју за работа. Вака имате конкретна цел: ја сакате позицијата на совршена девојка. Кога ќе ве прашаат нешто, тогаш почекајте неколку секунди и добро размислете што сакате да кажете, а потоа одговорете на прашањето со сигурен и чист глас.

Секако, секое семејство е различно. Некои поттикнуваат креативност и живост при разговор. Внимавајте на начинот на кој тие комуницираат помеѓу себе и адаптирајте го вашиот сопствен стил врз тоа. Ако неговото семејство е конзервативно, не зборувајте премногу и не искажувајте строги ставови. Ако тие се поотворени тогаш внимателно придружете се и забавувајте се. Запомнете дека вие и не ги знаете овие луѓе така што не знаете како да се поставите кон нив.

7. Не пушете

Дури и ако сте страстен пушач лишете се од задоволството на пушење пред нив. Барем почекајте да ги запознаете малку подобро пред да запалите цигара во нивно присуство. Можеби чадот им смета, имаат проблеми со алергија или белите дробови. Никогаш не претпоставувајте дека е во ред да пушите.

Исто така некои фамилии сѐ уште се водат според стереотипот дека жена која пуши е промискуитетна. Имајте на ум дека вие сте модерна жена која може да стои на сопствените нозе, но неговите родители доаѓаат од друго време. Можеби и не го делат вашето мислење.

Ако неговата мајка ве замоли да ѝ се придружите на цигара, тогаш прифатете и излезете надвор. Ако сте непушач, излезете надвор со неа поради љубезност. Така ќе добиете неколку приватни моменти. Оваа стратегија ја користат многу мајки за да дознаат многу повеќе работи за девојките на нивните синови. Многу е важно да запомните да не пушите во нивниот дом (иако тие пушат) и не пушете освен ако не бидете понудени.

3-voshitete-gi-negovite-roditeli-kafepauza.mk

8. Не спомнувајте брак и деца

Можеби сонувате за прекрасна заедно со вашето совршено момче. Замислувате куќа и кола надополнета со деца и куче. Тоа е одлично за вашата фантазија, но што и да правите никако тоа не им го спомнувајте нив. Родителите, особено мајките никогаш нема да бидат подготвени да слушнат дека нивното „детенце“ размислува за деца, особено со жена која сѐ уште добро не ја познаваат.

Ставете се на нејзино место. Ако девојката на вашиот син уште на првата средба ви каже дека се надева дека ќе се земат, вие веројатно ќе претпоставите дека таа е опсесивен социопат кој сака да го контролира секое негово движење до крајот на животот. Веднаш ќе станете од масата и ќе почнете да ковате заговор за нивно раскинување.

Дури и ако не го спомнете мајчинството, темата може да се појави во текот на вашето испрашување при ова запознавање. Родителите често прашуваат „И, кога планирате да се земете и да имате деца?“ Најдобриот одговор? „Кога ќе дојде време.“ Не е лага, а сепак не е ветување.

9. Понудете ја вашата помош

Без разлика колку имате трема, без разлика како оди вечерта, ако не се понудите за раскревање на масата, миење на чиниите или нешто слично, тогаш сте во голем минус. Неговите родители го мерат и оценуваат вашиот карактер. Последното нешто што тие би сакале е нивниот син да се плетка со принцеза која очекува сѐ на готово.

Покажете дека сте добра домаќинка. Ниедна мајка не сака неговиот син да земе жена која е неуредна и невнимателна. Ако не се понудите да помогнете, нејзината глава ќе се наполни со слики како нејзиниот син живее во нечистотија и дека нејзините внуци се болни постојано поради состојбата на куќата.

Запомнете го третото правило: Без разлика колку сте љубезни и културни, ако заборавите да понудите помош тогаш сето тоа ви пропаѓа во вода. Ако ве одбие (што е многу често) сепак таа ќе го цени вашиот труд. Станете од масата за таа да знае дека понудата беше искрена и бидете спремни да помогнете ако ви дозволи. Само замислете колку убаво мислење ќе има за вас после оваа вечера.

10. Без драма

Секоја мајка ги презира драматичните девојки. Ако досега ништо не разбравте и не применувате ниедно од овие правила, тогаш прифатете го барем овој совет: Без драма! Бидете мирни и спокојни во текот на целата вечера. Покажете дека можете да се справите со секаква ситуација без проблем. Вашите пријателки обожаваат да слушаат за психотичниот бивш дечко на вашата сестра, вашиот ужасен шеф и вашите проблеми со законот во последната година. Но, не и неговите родители.

Во ниеден случај не драматизирајте во текот на средбата. Никако не се расправајте со него пред неговото семејство. Ако рече нешто несоодветно, сега за сега игнорирајте го и подоцна кажете му кога ќе бидете сами. Ако не ви се допаѓа неговото семејство стегнете заби и однесувајте се како тие да се најсовршените луѓе на планетава кои едвај чекате да ги видите повторно. Запомнете: тие можеби и нема да ви станат фамилија, но секогаш ќе се негова и тој ги сака.

Секое семејство има своја хаотичност. Секој има различен начин на тоа како се справува со животот. Тие можат да бидат гласни, премногу драматични и често да пијат пиво. Тој можеби не избрал да живее така, но тој премногу ги сака, а и тие го сакаат него. Секоја личност треба да го прифати семејството на нивната поубава половина без разлика дали се добри или лоши.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар