Волшебна чоколадна торта од само 2 состојки

Волшебна чоколадна торта од само 2 состојки

Со сигурност може да се потврди дека не постои некој кој може да одолее на слатката чоколадна торта. Но, исто така може да се потврди и дека подготовката на ваквите торти неретко бара многу време, труд и пари. Меѓутоа, овој револуционерен рецепт ќе ве увери во спротивното. За љубителите на чоколадото, оваа торта е уживање само по себе, а ако сте на диета, ви предложуваме да „згрешите“ со овој вкусен и лесен колач.

Волшебна чоколадна торта од само две состојки

Потребни состојки:
  • 600 милилитри слатка павлака
  • 400 грама чоколаден крем
Начин на подготовка:

Во еден сад ставете ги слатката павлака и чоколадниот крем. Доколку не знаете каков крем да користите, тогаш доколку имате можност, одлучете се за Нутела. Мешајте со миксер додека смесата не се соедини. Потоа, префрлете ја во калап за торта, претходно премачкан со масло. Оставете ја тортата во фрижидер околу 6 часа за да ја добие потребната цврстина и послужете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар