„Вог“ ги избра 10-те најдобро облечени познати личности во 2020 година
Оваа година како наеднаш да беше прекината во март кога поголемиот дел од светот заврши во карантин поради пандемијата. Непосредно пред Оскарите, заврши сезоната на традиционални награди, што на магазинот „Вог“ му даде доволно материјал за да ја состави својата листа на најдобро облечени познати личности на годината. Оваа година беше година кога црвените теписи беа откажани, ѕвездите нè пуштија во своите домашни плакари и церемониите за доделување награди станаа виртуелни. Па, така, можевте да ги видите вашите омилени познати личности и модни икони на сосема поинаков начин.
Во изборот на „Вог“ се најдоа девет жени и само еден маж. Погледнете ги фотографиите во продолжение и откријте кој е на списокот.
Марго Роби
Зои Кравиц
Рене Зелвегер
Флоренс Пуг
Трејси Елис Рос
Зендаја
Сирша Ронан
Грофицата од Весекс
Оливија Колман
Хари Стајлс
Погледнете како славните девојки носат еден од водечките трендови на годината.