Водич за правење зимница за почетници
Љубителите на добрата, здрава и квалитетна храна знаат колку е важно да се подготви домашна зимница. Сепак, младите момци и девојки што немаат искуство во оваа област често не се решаваат да го започнат целиот процес од страв дека е премногу комплицирано. Но, доколку ги имате овие совети на ум, ќе направите зимница како вистински професионалци.
1. Одбирајте зрели плодови
Ова е можеби најважниот совет што треба да знаете доколку сакате да направите добра и квалитетна зимница што ќе ви трае. Покрај тоа што плодовите треба да бидат зрели, тие треба да се и здрави без никакво оштетување.
2. Чистотата е исклучително важна
Другото правило што исто така е многу важно е да се обидете да ја одржувате чистотата на што повиско ниво можете. Не само што ќе се погрижите плодовите да се добро измиени, туку и приборот што го користите за подготовка и садовите за складирање, исто така треба да бидат добро стерилизирани.
3. Почнете од поедноставните рецепти
Ако сте почетници, тогаш најдобро е да почнете од оние рецепти што нема да бараат многу време и труд, односно одберете ги оние каде што просторот за грешка е сведен на самиот минимум.
4. Внимавајте на конзервансите
Ако сакате во секој момент да знаете што точно јадете, тогаш користете природни конзерванси, од кои најдобриот е босилекот. Оваа билка се користи за конзерванс бидејќи содржи линалол, цинеол и други антисептички состојки што ги уништуваат штетните бактерии во храната и го спречуваат нивниот раст. Покрај босилекот, можете да користите и црн синап и рен, кои покрај шеќерот, солта и оцетот ја спречуваат храната да се расипе на подолг рок.
5. Чување на зимницата
Наполнетите тегли ставете ги на суво и темно место, а идеално би било доколку температурата во просторијата каде што ги чувате е постојано 10 степени.
Според тајниот рецепт на баба: Највкусниот домашен ајвар кој некогаш сте го пробале!