Водич за праќање „голи“ фотографии: Еве што треба да знаете пред да кликнете „Испрати“
На многу познати личности им се има случено да им бидат јавно објавени „голи“ фотографии, а за жал, тоа го имаат искусено и многу „обични“ девојки. Прво да расчистиме: нема ништо срамно во тоа ако сакате да му пратите „гола“ слика од вас, секако ако имате над 18 години. Девојчињата кои се под 18 НИКАКО не треба и не би смееле да праќаат „голи“ фотографии. За сите останати, постојат неколку правила кои навистина треба да ги почитувате кога станува збор за праќањето фотографии од вашето разголено тело.
1. Никому не му должите „гола“ фотографија
Да не се лажеме, фотографирањето на сопственото голо тело не е најлесното нешто и треба да го направите само ако сметате дека сте доволно спремни. Пред да кликнете „Испрати“ запрашајте се: „Дали сликава ја праќам затоа што јас сакам или ја праќам затоа што личноста која ми ја побара навистина многу ми се допаѓа?“
Во ред е да сакате да го возбудите. Постојат луѓе кои се возбудуваат од самата помисла дека му пратиле „гола“ фотографија на партнерот. Но, ако ја праќате фотографијата поради притисок или затоа што се чувствувате обврзано, НЕ ЈА ПРАЌАЈТЕ. Ако вие лично не сакате, тогаш не ја праќајте. Исто како во сексот – ако не сакате да направите нешто, тогаш немојте да го правите.
2. Поставете правила
Знаете што? ВИЕ ги поставувате правилата. ВИЕ дефинирате што е „гола фотографија“. Можеби сакате да носите градник? Можеби сакате да се гледа само едната града? Можеби сакате да пратите провокативна слика од вашите клучни коски – сето ова е во ред!
Убавината на „голите“ селфи фотографии е во тоа што нема морничав фотограф кој ве притиска и ве фотографира од чудни агли. Тоа е едно од најмоќните предности на селфи фотографиите – вие диктирате како сакате да изгледате и што сакате да покажете.
3. Никогаш не ги покажувајте фотографиите од партнерот на вашите пријатели
Без разлика колкаво „копиле“ бил, ве изневерил, лажел… Нека се погрижи кармата за него. Вие имате достоинство. Нема потреба да паѓате на тоа ниво.
4. Добро проверете пред да кликнете „Испрати“
Затоа што сигурно не сакате да му ја пратите на вашиот шеф или на вашиот татко. Постојано, безброј пати проверете пред да ја пратите.
5. Не праќајте „голи“ фотографии пред тој да ви испрати
Како што кажавме, голема е врската помеѓу „голите“ селфиња и сексот. Исто како кај оралниот секс, така и кај „голите“ фотографии: НИКОГАШ НЕ ПРАЌАЈТЕ АКО ТОЈ НЕ ВИ ПРАТИЛ. Зошто да го изложувате вашето прекрасно тело за негово задоволство, ако вие немате негова „гола“ фотографија за ваше? Не треба да биде еднонасочно.
Плус, никогаш не знаете кому може да му верувате во овој суров и ладен свет. Шансите тој да објави ваша „гола“ слика на Интернет се многу помали ако знае дека можете да му вратите со иста мера.
6. Имајте на ум дека постои 50-50 шанси неговите пријатели да ја видат сликата
Сите сме биле безнадежно заљубени притоа мислејќи дека партнерот никогаш нема да нѐ изневери, иако можеби навистина нема. Но, да бидеме искрени – колку пати вашите пријатели ви ги покажуваат „голите“ фотографии што им биле пратени? Сигурни сме дека одговорот на ова прашање е скоро секогаш. Некогаш, едноставно не може да се одолее.
Малку ќе се поднапие, ќе мисли дека сте најзгодното суштество кое некогаш газело по земјава и ќе сака да ве пофали на другарите. Следно нешто: неговите пријатели ве виделе гола. Можеби е џентлмен и ќе ги скрие, но сепак никогаш не се знае. Кога се собираат момчињата, многу глупости се случуваат. Истото е и со девојките. И тие не се нешто подобри од мажите, дури можеби и се полоши. Ова е вистината кога станува збор за „голите“ фотографии. Можеби не ви пречи или можеби сакате да се покриете малку повеќе – од вас зависи.
Совет плус: Почнете со фотографии без градник и секако без лице. Потребно е време за да добиете доверба. Целосните „голи“ фотографии треба да се заслужат!
7. Никогаш, ама АПСОЛУТНО никогаш не праќајте „гола“ слика на која го има вашето лице
Без разлика дали сте премногу заљубени во него и му верувате со секој атом од вашето постоење. Кога се фотографирате голи единствениот дел од телото кој никогаш не смеете да го изложите е лицето.
Тоа е исто како незаштитен секс – без разлика колку ви ветува дека ќе го извади пред да сврши, никогаш не можете да бидете сигурни дека има толкава самоконтрола. Кога праќате „голо“ селфи исто како да имате секс без кондом – се изложувате на ризик од еден куп проблеми и непоправлива штета.
На крајот од денот, компјутерите постојано се хакнуваат, најодговорните луѓе ги губат телефоните… Личноста која мислевте дека никогаш нема да ве предаде може да испадне најголемиот кретен на целата планета. Селфи фотографиите без вашето лице се како кондоми – тие ве оставаат да бидете безобразни, но со доволно заштита.
8. Внимавајте каде ги праќате
Да се разбереме – социјалните мрежи се едни најнебезбедните места. Особено Фејсбук Месинџер. Настрана од Фејсбук Месинџер, Снепчет е добра опција затоа што после максимум 10 секунди сликата исчезнува и плус добивате известување ако примачот направил скриншот. Само внимавајте да не го ставите на My story. Иако ни Снепчет не е најбезбедна апликација, сепак е една од подобрите.
Бидете старомодни кога станува збор за праќањето „голи“ фотографии – претходно пратете предупредување бидејќи тој може да е на некој семеен собир и да им покажува на родителите или на баба му и дедо му како функционираат паметните телефони. Сигурно не би сакале тие да ве видат.
Држете се настрана од мејловите, особено од професионалните. Исто така, за корисниците на iOS, држете се понастрана од iCloud.