Водич за мажи: Eдноставни совети кои имаат моќ да го подобрат сексуалниот живот на секоја жена

Водич за мажи: Eдноставни совети кои имаат моќ да го подобрат сексуалниот живот на секоја жена

Женското тело не е толку комплицирано колку што мислите. Ако ги следите следниве неколку едноставни совети, тогаш жените насекаде ширум светот ќе бидат посреќни во креветот, бидејќи би доживувале онолку оргазми колку што заслужуваат. Прочитајте за што станува збор…

Водич за мажи: Eдноставни совети кои имаат моќ да го подобрат сексуалниот живот на секоја жена

1. Сексот не треба да биде болен за неа. Воопшто.

2. Секој пат кога ќе доживеете оргазам, треба и вие да предизвикате оргазам.

3. Потсетете ја колку е убаво нејзиното голо тело. Дури и нејзиното стомаче и целулитот.

4. Почнете да обрнувате повеќе внимание на нејзиниот клиторис.

5. Бакнувајте го нејзиниот врат. Постојано.

6. Не нарекувајте ја со погрдни имиња и не ја туркајте нејзината глава надолу освен ако не добиете дозвола од неа за истото.

7. Купете ѝ секси долна облека, но не правете ѝ притисок да ја носи.

8. Одржувајте директен контакт со очите кога таа е под вас.

9. Не претпоставувајте дека таа може да се извитка во секакви позиции – тоа може да биде болно.

10. Повлечете ја нежно нејзината коса. Но, не ако има убава фризура која ја подготвувала цел час.

11. Имајте предигра најдолго што можете да издржите.

12. Не оставајте ја целата работа на неа.

13. Одете надолу исто толку пати колку што и таа го прави истото за вас. Можеби дури и повеќе.

14. Купете вибратор и употребете го за време на односот.

15. Нежниот секс е добар, но грубиот може да биде уште подобар.

16. Согласноста е клучот, дури и ако сте подолго време во врска.

17. Имајте секс надвор од спалната соба. Обидете се да го направите тоа на каучот, во тушот, па дури и во автомобилот.

18. Секогаш имајте презервативи во близина.

19. Земете лед и држете го накратко во вашата уста, а потоа бакнувајте ја долу.

20. Игрите со улоги се одличен начин да ги разгорите страстите меѓу вас.

21. Одржувајте ја собата чиста. Можете дури и да запалите свеќи ако се чувствувате романтично.

22. Разговарајте со неа. Вашиот глас ја возбудува многу повеќе одошто мислите.

23. Користете лубрикант, за да ѝ биде уште поудобно.

24. Покренете иницијатива за време на различни делови од денот. Повеќето од жените обожаваат утрински секс.

25. Одржувајте се таму долу, бидејќи не би сакале залутани влакненца да завршат во нејзината уста.

26. Слушајте ги нејзините издишки. Тоа ќе ви помогне да откриете што најмногу ѝ се допаѓа.

27. Допирајте ги нејзините гради со вашите раце, усни и јазик.

28. Не носете детски боксерки – тие можат да го уништат нејзиното секси расположение.

29. Прашајте ја што сака. Таа сигурно ќе биде искрена со вас.

30. Прегрнете ја кога ќе завршите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар