Водич за интроверти: Како да ги преживеете студентските денови?
Без разлика кои сте, тргнувањето на факултет за секого може да биде навистина страшно. Тоа е ново место со нови лица кои ги немате видено претходно, па не е воопшто чудно да се почувствувате неудобно. Предизвикот е уште поголем ако сте интроверт. Но овие совети ќе ви помогнат.
Првите неколку недели ќе бидат и стресни и возбудливи, но сепак ќе најдете време за вас кое ќе ви ја врати енергијата. Обидете се да бидете отворени кон нови искуства, бидејќи излегувањето од вашата удобна зона е неизбежно. Погледнете го овој водич за преживување што сите интроверти треба да го имаат при рака.
1. Зборувајте со што е можно повеќе луѓе
Факултетскиот кампус е големо место со многу непознати лица, па ќе биде добро да запознаете некого. Доволно е само да се поздравите со личноста која стои до вас во некоја редица, и ќе направите голема разлика. Наместо да размислувате за луѓето кои не ги познавате, проширете го кругот на оние кои ги познавате.
2. Имајте пар слушалки
Додека одите од едно предавање на друго, можете да го избегнете непосакуваното социјализирање со слушалки. Кога некој ќе ве здогледа доволно ќе биде да му се насмевнете и да му мавнете.
3. На предавањата седете напред
Седењето цел час или повеќе во амфитеатар со многу луѓе не е најголемата желба на интровертите. За да ја избегнете анксиозноста од толпата, седнете напред. Пред вас ќе има помалку луѓе, па ќе заборавите дека всушност целата просторија е преполна.
4. Побарајте други интроверти
Ако забележите уште некој што изгледа неудобно или преморено од толпата, поздравете се. Може да ви биде чудно, но и двајцата сте интроверти. Убаво е да имате пријател со слични потреби како вашите. Ако ви е потребен простор, тој пријател секогаш ќе ви го овозможи.
5. Запознајте се со библиотеката и читалната
Овде е единственото сигурно место каде што ќе најдете простор и тишина. Не е натрупано и гласно како амфитеатрите. Можеби овде ќе успеете да се смирите кога ќе се најдете сред некој хаос.
6. Најдете место само за вас
Запознајте се со кампусот најбрзо што можете за да си најдете посебно место. Немојте никому да му го покажувате, па наскоро ќе се чувствувате како да е ваше. Сигурно нема да биде сместено на тајна локација во некоја напуштена зграда, но познатото опкружување ќе направи светот да ви изгледа помал.
7. Дајте им личен белег на тетратките и приборот
Дури и на големите кампуси со многу луѓе кои не ги познавате, можете вашиот факултет да го направите ваш. Дотерајте ги тетратките, или купете си некое уникатно пенкало. Дури и овие мали работи ќе направат да се чувствувате како да имате контрола над ситуацијата.
Погледнете ги и овие совети кои ќе ви помогнат да останете мотивирани на факултетот.