Водич: облекувајте се во слоеви
Облекувањето во слоеви е во мода, не само заради интересниот изглед, туку и заради практичноста – овозможува брзо и лесно прилагодување на разликите во температурите надвор и во загреаните простории. Доколку сакате да избегнете изглед на торба, а истовремено да не смрзнувате, прочитајте ги следните неколку совети за облекување во слоеви, конкретно во зимскиот период кој следува.
За жени:
1. Шал за дополнителен слој топлина
Бојата на шалот треба да е свежа и да не создава ефект на ширење. Дополнете со долг светкав фустан, плетено дезенирано капче и долга надуена јакна.
2. Комбинација од тексас јакна и зимска јакна од шушкавец
Долниот слој нека биде од тексас или некој друг сличен материјал, а изгледот ќе го докомплетирате со памучна блуза во пруги и долги плетени ракавици со украсни токи.
3. Елече со крзно под класичен мантил
На овој начин може да создадете ефект на крзнена јака. Ваквиот изглед ќе биде комплетен со класична кошула и еднобојно капче од кашмир.
4. Не занемарувајте го она што можете да го направите со вашиот изглед од половината надолу
Зимските грејачи за нозе, дебелите чорапи и обувките исполнети со крзно кои можат да се носат превртени, ќе ви овозможат да носите мини здолништа и во овој период од годината, додека истовремено ќе прават да се чувствувате удобно и топличко. Нозете ќе ги загреете со хеланки, а за нагоре можете да искомбинирате тантелено фустанче со широк краток џемпер.
5. Долг џемпер под куса есенска јакна
Некои луѓе се премногу приврзани за своите есенски парчиња, па не сакаат да се откажат од нив во студените зимски денови. За да не смрзнете, облечете долг плетен џемпер под кратката есенска јакна која ќе ја закопчате сосема до горе. Направете баланс со шал во различна боја, препорачливо во пругаста варијанта, кој може да го искомбинирате со фармерки или пантолони во некоја од тие бои. Класична цилиндрична шапка и ракавици од комбинација од волна и кожа одлично ќе се вклопат во ваквиот изглед.
За мажи:
1. Најпрво облечете ја најлесната облека
Тоа се маици и кошули кои треба да претставуваат основа за она што ќе го облечете одозгора. На овој начин, секогаш ќе бидете во можност да се расоблечете во топли простории и притоа да изгледате пристојно и дотерано. Освен ако не живеете на Антарктикот, треба да бидете во можност да ја соблечете широката спортска јакна или дебелиот волнен џемпер. Секако, не треба да смрзнувате, но прекумерната облека може да доведе до потење, а тоа не е добро ни за вас, ни за тие околу вас.
2. Ставете нешто одозгора
Вториот слој може да биде што било. Дајте му шанса на џемперот со V отвор за кој бевте скептични и комбинирајте го со бела кошула одоздола. Додадете спортско палто врз џемперот за да постигнете класичен изглед.
Џемперче со копчиња врз бела маица е посоодветна опција за поопуштен изглед, додека за вечерно излегување, изберете кошула со некаков шаблонизиран дезен.
3. Додатоци
Кога веќе се опуштивте со овој начин на облекување во слоеви, размислувајте за додатоци. Ставете вратоврска на кошулата која ја комбиниравте со џемперот на закопчување или замотајте шал околу вратот доколку ја избравте комбинацијата од маица и џемпер со V отвор. Ремените, капите и чевлите можат исто така да бидат важни додатоци на вашиот изглед.
4. Треба да ви биде удобно
Ова чувство лесно ќе го постигнете ако се облекувате во слоеви. Но, запомнете, лесните материјали се за летните денови, за зимскиот период носете кашмир, волна и тешки плетени облеки.
5. Додадете боја
Не плашете се да додадете некоја впечатлива боја на вашиот комплетен изглед. Не посегнувајте веднаш по црното. Додадете убава сина боја на комбинацијата со бела кошула, изберете дезенирана кошула под сивиот џемпер на закопчување или ставете вратоврска во жива боја на облеките со затворени бои. Имате голема палета на располагање. Ваше е да го направите вистинскиот избор со вистинската комбинација. Секако, не треба ни да се претера.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
тексас јакна и зимска јакна од шушкавец – тоа е тоа!
Ja mislam deka prviot i vtoriot komplet se sovrsheni ! 😀
a za bebinja ?!