Водич: Облекувајте се како Пејтон Соер

Водич: Облекувајте се како Пејтон Соер

Љубителите на тинејџ-серијата „Три Хил“ (One Tree Hill) сигурно имаат по еден омилен лик на кој му се воодушевуваат. Доколку за девојките тоа е Пејтон Соер, која ја глуми Хилари Бартон, следува водич кој ќе ви помогне да го разберете нејзиниот стил и воедно да го примените на себеси.Водич: Облекувајте се како Пејтон СоерПејтон започна како млада навивачка која заплива во водите на музичката индустрија и се разви во сопственик на продуцентска куќа. Заедно со овие промени во нејзиниот живот, се трансформираше и нејзиниот стил. Но, без оглед на промените во нејзиниот живот, таа секогаш остана доследна на нејзиниот креативен вкус и стил.Водич: Облекувајте се како Пејтон Соер

Стилот на Пејтон

Пејтон има уникатен стил кој е комплетно во согласност со нејзината личност. Имајќи го ова предвид, нејзиниот стил е во тотална спротивност со стилот на нејзината најдобра другарка Брук Дејвис, кој го одликуваат тесни фустани и кратки јакнички.Водич: Облекувајте се како Пејтон СоерОбожавајќи рок енд рол маички со графики, фармерки со цепаници и маички без ракави, стилот на Пејтон претставува совршена комбинација од гранџ и старовремското, што е соодветно за тренди личност од музичката индустрија.Водич: Облекувајте се како Пејтон Соер

Изгледот на Пејтон преку ден

Во текот на денот, изгледот на Пејтон се базира на удобност. Ретко кога денски можеме да ја видиме во нешто друго освен во фармерки кои најчесто се комбинирани со памучна маица или маичка без ракави, така добивајќи целосно безгрижен изглед.Водич: Облекувајте се како Пејтон СоерЗа разлика од елегантниот стил на Брук, Пејтон е пример за „девојка од соседството“ која претставува модна инспирација за секоја тинејџерка. Нејзиниот изглед е секогаш лежерен, но исто така нагласен со некои специфични детали како на пример некое нежно синџирче околу вратот или стар пар патики од Converse.Водич: Облекувајте се како Пејтон Соер

Изгледот на Пејтон навечер

Музичкото влијание во стилот на Пејтон особено доаѓа до израз кога таа излегува во барови и музички клубови. Нејзиниот избор се најчесто тесните фармерки и маиците со старовремски изглед, но така тонирани за да делува модерно и тренди.Водич: Облекувајте се како Пејтон СоерЗа да преземете нешто од стилот на Пејтон, почнете да „копате“ во дуќаните по маици со графики кои делуваат старовремско. Нејзиниот рокерски стил ќе го добиете доколку искомбинирате некоја од вашите омилени старовремски маици со тесни црни фармерки, кои задолжително треба да ги надополните со нежен долг накит околу вратот во повеќе слоеви.

Изгледот на Пејтон на работа

Добро е што во работата на Пејтон не постои некој правилник за облекување. Исто како и за дневните и за вечерните прилики, и за на работа таа се потпира на фармерките како основа за нејзиниот изглед. Во комбинација со кошулки кои се закопчуваат до врвот или поелегантни блузички, избледениот тексас изгледа и тренди, но и професионално.Водич: Облекувајте се како Пејтон СоерКога не носи панталони, Пејтон избира прилепени фустани или мини здолништа, комбинирајќи ги со структурирани јакнички од тексас или антилоп. Поентата е да се најде вистинскиот баланс помеѓу рокерско-елегантниот и младалачко-старовремскиот изглед.

Личноста на Пејтон

За да поседувате одреден стил, треба да имате личност која ќе се согласува со него. Пејтон е уметничка душа која се изразува себеси преку цртањето, слуша многу панк, рок и алтернативни бендови, при што важни и се зборовите на песните. Понекогаш слуша различна музика, зависно од нејзиното моментално расположение и е верен колекционер на плочи.Водич: Облекувајте се како Пејтон СоерЗа да изгледате како Пејтон, почнете да преземате и елементи од нејзината личност, а потоа внимателно усогласете ги со вас самите. Експериментирајте со разни фризури: изразени или благи брановидни кадрици, разбушавена или дури и исправена коса, дополнете го ефектот со шминката – исцртајте ги долните капаци на очите со креон, употребете маскара и ставете проѕирно или бледо-розеникаво сјајче за преку ден, но бидете смели навечер и ставете црвена сенка на очите комбинирана со светол или јак црвен кармин, без да заборавите и на ружот.Водич: Облекувајте се како Пејтон СоерОва е личноста на Пејтон Соер со нејзиниот специфичен и уникатен, но јасно изграден стил. Доколку се пронаоѓате, почнете да размислувате од каде да почнете. Во спротивно, можеби сепак не сте Пејтон Соер тип, па попаметно би било да позајмите нешто од Блер Волдорф.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар